26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕнергетската криза пристигнува, Европа бара брзо решение - да се одвои цената...

Енергетската криза пристигнува, Европа бара брзо решение – да се одвои цената на струјата од цената на гасот

Цената на гасот, иако бележи мало намалување, сепак е превисока – 3.400 евра. Жешки пазарите на струја, мегават час се искачува и до 1.000 евра за следната година. Поради се поскапата струја и гас расте незадоволството кај граѓаните низ цела Европа, а индустријата се заканува да престане со работа. Чешката Република, која претседава со Европската унија, за 9 септември свика вонреден состанок на министрите за енергетика за да се реши цената на енергијата и енергетските производи.

Австрија најави две мерки за регулирање на цената на струјата, кои ги предлага и на ниво на Унијата. Како прва помош, на краток рок – ја ограничува цената на струјата за домаќинствата, стопанството и земјоделскиот сектор.

Друга мерка е одвојување на цената на струјата од цената на гасот, бидејќи таквиот модел на пресметка, велат, ја загрозува индустријата и работните места низ Европа.

„Навистина сме пред голем предизвик, а тоа е дека цената на струјата веќе нема да биде прифатлива, како за стопанството, така и за луѓето, поради поврзаноста со цената на гасот. Лудилото кое моментално владее на пазарот на струја мора да се заврши, неопходно е да се одвојат цените на струјата и гасот“, вели Карл Нехамер, австрискиот канцелар.

Во Италија веќе е драматично, а во тек е и иницијативата за истакнување на сметките за струја на излозите.

„Ги ставивме сметките за струја на прозорец за да им објасниме на клиентите дека сме принудени да ги зголемиме цените. Тоа е виша сила и револтирани сме од тоа, но немаме друг избор бидејќи поради ненормално високите сметки – или ќе затвориме – или да ги зголемиме цените“, вели еден италијански угостител.

Екстремно топлото и суво лето ја стопира работата на европските хидроцентрали, а струја од ветерот има се помалку. Тоа го покажува примерот на Шпанија, која од хидрокапацитетите добива половина помалце струја, производството е на најниско ниво во изминатите три децении.

„Мораме да се вратиме во 1989 година за да најдеме производство толку ниско како она што го акумулиравме од јануари до јули оваа година“, рече Ангел Гарсија, шеф на контролните центри на производство на Ендеса.

„Бидејќи производството на електрична енергија од хидроцентралите треба да го замениме со гас, цените растат. И да се потсетиме дека гасот е тој што ја произведува оваа енергетска криза во која се наоѓаме“, вели Марсијал Гонзалес од Одделот за електротехника.

Бугарија го дуплира капацитетот за течен гас на терминалот за ЛНГ што се гради во грчкото пристаниште Александрополис. Но, снабдувањето оваа зима ќе го диктира и исходот од преговорите со Гаспром за обновување на испораките, што го очекуваат во наредните денови.

„Бугарската влада се обврза да гарантира снабдување со гас на нашето општество за целата грејна сезона по најдобри можни конкурентни цени“, вели Румен Радев, бугарскиот претседател.

Унгарија вели дека ќе ги продолжи разговорите со Москва за дополнителни количини гас и за зголемување на испораките од следниот месец.

„Енергетскиот пазар во Европа во моментов не работи, тоа е воена зона и таму нема вистински пазар. Тоа е суштинско прашање за една земја да обезбеди доволно количество енергија. Затоа, за Унгарија нема компромис за ова прашање. Затоа и во иднина нема да прифатиме меѓународна одлука или притисок, затоа нема ни да преговараме за нови енергетски санкции против Русија“, вели Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Унгарија.

Енергетската криза се стеснува, па затоа е важно да се изнајдат краткорочни решенија за претстојната грејна сезона. А основачот на „Тесла“ Илон Маск советува – светот мора да продолжи да вади нафта и гас за да ја одржи цивилизацијата, а во исто време да развива одржливи извори на енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП