18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИмотите во Минхен се поскапи од оние во Лондон

Имотите во Минхен се поскапи од оние во Лондон

Според консултантската компанија „Deloitte“, кириите и цените на недвижностите во Германија ќе продолжат да растат во наредната година. За купувачите, Минхен сега е втор најскап град во Европа по Париз и пред Лондон. Според „Deloitte“, „новата градежна активност во Германија продолжува да биде прилично под просекот во споредба со Европа“.

За потребите на објавената студија, експертите ги споредија податоците од 68 избрани големи градови во 23 европски земји. Шефот на одделот „Недвижнен имот“, Мајкл Милер рече дека цените за градежните услуги се зголемени низ Европа.

Нарушените синџири на снабдување и недостигот на градежни материјали ги зголемуваат ризиците вклучени во планирањето и извршувањето на градежните проекти. Недостигот на персонал и општата инфлација дополнително ги зголемуваат цените на градежните работи. Сепак, зголемувањето на каматните стапки може да ја забави побарувачката и да ги зголеми цените, се вели во студијата.

Според податоците на „Deloitte“, купувачите на нов стан во Минхен минатата година платиле во просек по 10.500 евра за метар квадратен. Поскап е само Париз со 13.462 евра.

Во Лондон, Осло и Франкфурт цените се значително пониски – околу 8.400 евра, во Амстердам достигнуваат 7.600 евра, а во Копенхаген – 7.300 евра. Според податоците на „Deloitte“, купувачите платиле 6.900 евра за квадрат во Хамбург и 6.500 евра во Берлин.

Во однос на месечните кирии, Париз е и најскап град со просечна цена од 29,10 евра за метар квадратен, а потоа следат Осло, Лондон и Амстердам. Минхен е на десеттото место со 18,90 евра. „Deloitte“ проценува просечна кирија по квадратен метар од 15,90 евра за Франкфурт, 14,30 евра за Берлин и 13,60 евра за Хамбург.

Во однос на постоечкиот станбен фонд, Германија е на прво место со 43,1 милиони домови или околу 51.800 домови на 100.000 жители. Сепак, „Deloitte“ сè уште гледа потенцијал во новата градба: минатата година во Германија беа завршени само 372 домови на секои 100.000 жители и само 299 нови беа отворени.

Во многу европски земји, приемот на воени бегалци од Украина се одрази на пазарот на домување, најсилно во Полска, Словачка и Унгарија.

„Во вториот квартал од 2022-ра година, понудата на пазарите за изнајмување соодветно се намалува, бидејќи многу од становите достапни за изнајмување се користат за сместување на украински бегалски семејства“, се вели во студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП