8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСушата додава нов притисок врз глобалната економија

Сушата додава нов притисок врз глобалната економија

Сушата на северната хемисфера, која погоди сè, од американските фарми до водните патишта во Европа и Кина, додава нов притисок врз синџирите на снабдување, цените на храната и енергијата и веќе затегнатата глобална економија.

Европа е погодена од најлошата суша во последните 500 години – реките кои се повлекуваат изложија сенишни локации и згради кои привлекуваат туристи, но ги погодија земјоделството, индустријата, производството на електрична енергија, транспортот и другите клучни економски сектори.

Топлината и недостатокот на дожд ќе ја намалат жетвата на маслинки во Шпанија за околу една третина. Ниските нивоа на реките Рајна и По, клучните трговски патишта, ги поттикнуваат производителите да ги намалат снабдувањето, вклучително и јагленот, кој сега е клучен за Европа, поради тесните испораки на руски природен гас. Ниското ниво на реките го намалува производството на електрична енергија од хидроцентралите, а високата температура на водите ги ограничува и нуклеарните централи кои ги користат реките за ладење. Ова врши дополнителен притисок врз цените на електричната енергија во Европа, кои веќе се на рекордно ниво во последните месеци.

Ниското ниво на Рајна и овозможи на морската вода да навлезе во системот за запирање во Холандија. Завршил во резервоари кои вообичаено се користат за пиење и за наводнување.

Во Кина е забележан најдолгиот топлотен бран од водење на статистика – 1961-ва година. Нивото на најдолгата кинеска река Јангце, која е исто така критична за производство на електрична енергија, транспорт и трговија, е на рекордно ниско ниво. Недостигот на вода и поврзаните проблеми со снабдувањето со електрична енергија веќе затворија голем број бизниси во земјата, вклучувајќи ги „Apple“, „Foxconn“, „Volkswagen“ и „Toyota“. „Тesla“ побара гаранции од властите во Шангај дека напојувањето на неговите добавувачи нема да биде прекинато.

Во централните и југозападните делови на Кина, сушата сериозно погодува шест провинции, кои заедно обезбедија околу 1/4 од производството на пченица во 2021-ва година.

Меѓу сериозно погодените од сушата е и провинцијата Сечуан, која во голема мера се потпира на водните ресурси за производство и електрична енергија. Истовремено, високите температури ја зголемија побарувачката на струја поради вклучувањето на клима уредите. Ова ја загрозува стабилноста на енергетскиот систем во покраината.

Во западните држави на САД сушата навистина започна пред две децении, а експертите укажуваат дека ова е најсериозниот период на суша во последните 1.200 години. Недостигот на врнежи во планинскиот венец Сиера Невада ги намали резервите на вода во еден од земјоделските региони на САД – Калифорнија. Жетвата на памук, на пример, е за 40% помала од очекуваното. Големи површини земјоделско земјиште во државата годинава останаа суви поради недостиг на наводнување.

Европските и американските климатолози ја објаснуваат сушата со негативните ефекти на „Ла Ниња“, кои се засилени со климатските промени. Обично феноменот влијае на климата помеѓу 9 и 12 месеци. Но, овој пат ефектот продолжува веќе втора година и климатолозите очекуваат негов крај дури во пролетта 2023-та година.

Според агенциите за кредитен рејтинг, пак, кризата за земјоделството, производството и туризмот ќе продолжи подолг период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП