25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТајсон Фјури со својот татко отиде на Исланд да се „тепа“ со...

Тајсон Фјури со својот татко отиде на Исланд да се „тепа“ со Тор, завршија во паб

ВБЦ шампионот во тешка категорија, непоразениот Тајсон Фјури заедно со неговиот татко Џон (инаку во младоста познат како боксер без ракавици), отпатуваа на Исланд со желба да го предизвикат Тор Бјорнсон во неговата вежбалница, но наместо тоа завршија во паб со предизвик за поранешниот најсилен човек на светот.

„Џипси кинг“ се обидува да договори егзибициски меч против Исланѓанецот, кој стана познат по својата улога во „Игра на тронови“, и биле во неговата вежбалница во Копавогур, документирајќи ја посетата на Инстаграм.

„Знаете каде сум луѓе? Исланд. Го бараме Тор. Излези и тепај се како маж. Сега, Тор, ако сакаш нешто од ‘Џипси кинг’ ќе дојдеш во Моркамб на аџилак. Се гледаме наскоро“, вели 33-годишниот Фјури во снимката.

По ова, тој реши да се опушти на Исланд, купувајќи си викиншка капа и посетувајќи ги локалните пабови.

Бјорнсон одговори од Италија.

„Во моментов сум во Рим, снимам филм, уживам во животот. И погодете што се случи? Тајсон Фјури се обиде да ме најде, но јас не сум таму. Тајсон, ако си сериозен, твојот тим нека ми прати договор. Тогаш јас ќе те најдам. Ќе дојдам по тебе, не се грижи“, одговори Тор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП