24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевидената гасна криза во Европа во три графикони (ИНФОГРАФИК)

Невидената гасна криза во Европа во три графикони (ИНФОГРАФИК)

Европа се соочува со невидена енергетска криза која ја турка економијата сè поблиску до рецесија и покренува сериозни прашања за нејзините амбиции да се справи со климатските промени.

„CNBC“ погледнува како Русија, предводена од претседателот Владимир Путин, која значително ги намалува испораките на гас во Европа и што значи тоа за иднината.

Русија ги намалува испораките

Русија значително ги намали испораките на природен гас за Европа откако западните земји воведоа санкции кон Кремљ по инвазијата на Украина на 24-ти февруари.

Москва негира дека го користи гасот како оружје, но Европејците се жалат дека „Газпром“, компанија која е во сопственост на Русија, повеќе не е сигурен снабдувач. Намалените залихи се проблем за европските земји бидејќи увезуваат 40 отсто од нив.

Податоците од „Северен тек“, операторот одговорен за гасоводот „Северен тек 1“ што ја поврзува Русија со Германија, потврдија дека има помалку количини на гас насочени кон запад.

Само минатата недела испораките на „Северен тек 1“ паднаа за 20 до 40 отсто, а „Газпром“ ги наведе проблемите со одржувањето.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек рече дека изговорот на „Газпром“ за технички проблем е „фарса“. Испораките беа накратко стопирани пред нивното конечно намалување, а работите за одржување беа завршени помеѓу 11-ти и 21-ви јули.

Според Европската комисија, 12 земји-членки веќе страдаат од намаленото снабдување со гас, а други се дури и целосно лишени од нив.

Според претставниците на ЕУ, Русија ја „уценува“ Европа и го користи гасот како „оружје“. Москва, од своја страна, постојано ги отфрла овие обвинувања.

„Мора да бидеме подготвени, во блиска иднина би можело да има целосно исклучување и тоа значи дека ни треба план“, изјави еврокомесарот за енергетска политика Кадри Симсон.

Европските лидери се загрижени за можно целосно затворање на испораките, особено поради многу индустрии кои ја користат оваа стока како суровина во нивниот производствен процес.

Во овој контекст, беа направени напори да се бараат алтернативни снабдувачи и различни извори на енергија. Сепак, транзицијата е тешка задача која е невозможно да се оствари за краток временски период.

Европската комисија побара од земјите-членки да имаат минимална цел за резерви на гас од 80 отсто до ноември. Во јуни, нивоата на полнење гас беа нешто над 56%, според податоците од истата институција.

Цените на природниот гас пораснаа

Цените на природниот гас драстично пораснаа по руската инвазија на Украина, а дури и пред тоа, кога Русија почна да ги намалува испораките.

Притисокот на цените се обновува секогаш кога Русија ги намалува своите испораки за Европа, со оглед на тоа колку е важна стоката за неколку сектори и недостатокот на алтернативи за руските фосилни горива.

Саломон Фидлер, економист во „Berenberg“, забележува дека цените на природниот гас во Европа сега се „претерано високи“, во споредба со просечната цена од 2015-та до 2019-та година.

„Во една типична година, ЕУ може да користи околу 4,3 милијарди MWh природен гас. Кога цените се повисоки за 100 евра по MWh за една година и ЕУ треба да ги плати тие цени наместо да има корист од некои долгорочни договори за фиксна цена, трошоците ќе се зголемат за околу 430 милијарди евра – што е еквивалентно на 3% од БДП на ЕУ за 2021-ва година“, тој рече.

Повисоките цени на гасот, исто така, постепено се одразуваат на сметките за енергија на компаниите и крајните корисници низ ЕУ.

Прогнозите за раст пропаднаа

Наспроти позадината на намалените залихи и повисоките цени, гасната криза ги разниша прогнозите за европската економија.

Последните податоци за растот на еврозоната објавени во петокот покажаа БДП од 0,7% во вториот квартал, над очекувањата на пазарот. Но, се повеќе економисти очекуваат рецесија во 2023-та година.

Европската комисија претходно во јули соопшти дека економијата ќе порасне за 2,7% во оваа година и 1,5% следната година. Тие, исто така, истакнаа дека целосното прекинување на испораките на гас од Русија може да доведе до рецесија подоцна во 2022-ра година.

„Повисоките цени на гасот ги зголемуваат трошоците за бизнисите и ги стискаат буџетите на потрошувачите, оставајќи им се помалку пари за трошење на други стоки и услуги. Како резултат на тоа, очекуваме дека еврозоната ќе влезе во рецесија оваа есен, а инфлацијата е сè уште висока“, рече Фидлер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП