1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска делегација во Приштина по решение за трговската блокада

Македонска делегација во Приштина по решение за трговската блокада

kosovo

Македонска делегација замина во Приштина во обид да се надмине проблемот со трговската блокада за продукти од Македонија и воведената такса за косовските државјани при влез во Македонија, јави Косовската радио телевизија.

Од косовското Министерство за трговија и индустрија соопштиле дека делегациите на двете земји ќе ги предводат ресорните министри Мимоза Кусари и Ваљон Сарачини.

Во меѓувреме, косовските медиуми јавуваат дека по вчерашниот застој, денеска не се забележуваат долги колони на границата меѓу Косово и Македонија, но продолжува праксата за наплата на влезните такси за косовските државјани. Во примена е сеуште и блокадата на македонски производи.

По одлуката на властите во Приштина да се забрани увозот на македонски пероизводи, Владата во Скопје реши да воведе влезни такси за косовските државјани, 2 евра за влез на поединци, пет за автомобили, а 10 за камиони и автобуси.

Весникот „Дневник“ во електронското издание објави дека македонската Влада размислува и за воведување визи за граѓаните на Косово, како одговор на целосното трговско ембарго најавено од Приштина.

Според статистиката на властите во Приштина, до септември, годинава, македонскиот извоз на Косово изнесува 160 милиони евра, а косовскиот во Македонија 17 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП