25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправете си сами систематски преглед за 60 секунди

Направете си сами систематски преглед за 60 секунди

Вашето тело е како карта од која можете да прочитате многу нешта. Само 60 секунди ви се доволни со помош на брзи и лесни домашни прегледи да откриете во каква состојба е вашиот организам. Проучете ги вашите дневни рутини и направете краток домашен систематски преглед.

Погледнете си ги очите

Белката може да открие многу нешта за вашето здравје. Таа треба да биде чиста и бистро бела. Црвенилото во очите го предизвикуваат ситните крвни садови кои од одредена причина се прошируваат и стануваат видливи, но во некои случаи, белката може да стане и жолта.

Направете тест така што седум дена по ред на дневно светло ќе ја набљудувајте белката. Ако бојата се менува, тоа може да е резултат од ненаспаност, иритација, алергија или напор, но ако останува непроменета, побарајте помош од лекар.

Погледнете ја својата четка за коса

Паѓањето на косата може да биде показател на широк спектар на промени во организмот. Ако на четката по чешлањето забележите многу повеќе влакна од вообичаено, исчистете ја четката и при следното чешлање пребројте ги влакната.

Нормално е да се губат околу 100 влакна на ден, но ако бројот надминува 200 или пак доколку косата ви паѓа во купови, време е да се консултирате со доктор.

Проверете го носот

Издувајте го носот со бело хартиено марамче.

Ако не издувавте ништо, вашата слузница е здрава. Ако издувавте течна проѕирна слуз, најверојатно се работи за иритација, промена на температурата или алергија. Жолтеникавата и зеленикавата слуз опишуваат некој вид на воспаление кое треба да се следи.

Погледнете си ги ноктите

Здравите нокти се цврсти, бистри и проѕирни. Било каква промена на нивната површина може да биде показател на некој помал или поголем проблем. Секој нокт прегледувајте го детално и забележете дали на некој од нив се јавува некаква значајна промена.

Белите дамки можат да значат недостаток на витамини и минерали во организмот, додека жолтеникавите може да упатуваат на габична инфекција. Ако забележите вакви или слични промени, бидете внимателни и следете ја состојбата. Ако ситуацијата се влошува или менува, и промената не се губи, веднаш побарајте стручна помош.

Погледнете си го забниот конец

Чистењето на забите со забен конец е важен дел од хигиената на усната шуплина. Но, таквата рутина може да биде и показател на некои поголеми промени во устата. Со конец исчистете го просторот помеѓу непцата и забите.

Ако забележите крварење не мора да се вознемирувате бидејќи тоа може да биде знак за осетливи непца или пак мали инфекции кои со чистењето може да се решат. Но, ако вашите непца по чистењето со конецот не престануваат да крвават задолжително побарајте совет од вашиот стоматолог.

Погледнете ја својата урина

Нормалната боја на урината е бистра светложолта боја. Но, промените во урината може да бидат предизвикани од мноштво фактори како што се храната, пијалаците и некои здравствени тегоби. Потемните бои на урината можат да значат и дехидратација на организмот. Тоа ќе го проверите така што дневно ќе пиете по два литри вода, со цел да ја избистрите и осветлите, но доколку таа сеуште има исклучително темно жолта боја, побарајте совет од вашиот лекар.

Погледнете ја својата кожа

Ракот на кожата е втората најчеста болест кај жените помеѓу 20 и 29 години. Затоа прегледот на телото е многу важен. Прегледајте ја детално кожата и тоа од лицето и вратот, па се до стопалата. Ако забележите некои необични промени или нови младежи, дамки или депигментација, побарајте совет од лекар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП