Американската компанија „Ford“ неодамна објави дека до дополнително известување престанува да прима нарачки за моделите „Fiesta“ и „Focus“ во Европа. Причината се производствени проблеми на компанијата, а ќе може да се нарачаат само однапред конфигурирани автомобили.
„Fiesta“ е важен дел од бизнисот на „Ford“ на континентот, но бројките за продажба во Европа како целина за автомобили од Б-сегментот покажуваат постојан пад. За ова може да се бараат многу различни причини. А во овој пад настрада и „Fiesta“, пренесува „Motor1“.
Со посложени регулативи околу електрификацијата на индустријата, производителите на автомобили ќе се соочат со многу тешки одлуки во следните неколку години. Тие треба да одлучат дали да ги задржат сегашните модели или да ги напуштат за да се фокусираат на електричните.
„Fiesta“ е една од „ѕвездите“ на „Ford Europe“ и е на пазарот повеќе од 40 години, со повеќе од 16 милиони продадени примероци. Со текот на годините, „Fiesta“ еволуираше и ги надмина силните конкуренти како што се „Volkswagen Polo“, „Renault Clio“ или „Fiat Punto“. Кога европскиот пазар загуби од 2011-та до 2013-та година, многу од автомобилите од Б сегментот престанаа да се произведуваат. Таков беше случајот со „Fiat Punto“, долгогодишен лидер кој никогаш не доби четврта генерација.
Значи, дали „Fiesta“ може да ја доживее истата судбина како „Punto“? Во овој поглед, севкупните изгледи за сегментот Б во Европа не се добри. Всушност, во последните осум години изгуби повеќе од 5 поени од пазарниот удел и падот не запре (види табела). Главната причина е развојот и популарноста на малите теренци.

Во 2014-та година, „Ford“ го претстави „Eco Sport“ во Европа и, иако првично не ги исполни целите за продажба, успеа да го репозиционира овој „B-SUV“ и да добие удел во сегментот. Во 2017-та година, „EcoSport“ регистрираше 63.000 единици во Европа во споредба со 255.000 за „Fiesta“. Една година подоцна, „Ford“ продаде 113.000 примероци од теренецот и 271.000 од хечбекот. Во 2019-та година имаше 229.000 примероци на „Fiesta“ и 123.000 единици на „EcoSports“, а потоа брендот претстави уште еден „B-SUV“ – „Puma“.
Во 2020-та година, пандемијата и „Puma“ ја намалија популарноста на „Fiesta“. Неговиот волумен падна за 32 проценти на само 156.000 единици. Минатата година имаше 82.000 регистрирани примероци од хечбекот наспроти 134.000 за „Puma“. Уделот на првиот сегмент падна од 6,8 отсто во 2020-та година на само 3,9 отсто во 2021-ва година, додека процентот на кросовери се зголеми од 6,4 на 6,6 отсто.
Денес, „Fiesta“ игра споредна улога во Б-сегментот. Во првата половина од годинава регистрациите продолжија да опаѓаат за 49%. Тоа е значително повеќе од вкупниот пад на сегментот од 19 проценти. Во јуни, „Fiesta“, автомобил кој долги години е меѓу десетте најпродавани во Европа, беше претекнат од девет други конкуренти (види табела) и ја зазеде 58-та позиција во генералниот пласман.

Актуелната „Fiesta“ е на пазарот од почетокот на 2017-та година и се очекува да постои уште две или три години. Сепак, не е јасно дали „Ford“ ќе го задржи овој иконски автомобил во производство како традиционален мал седан или не. Или ќе даде приоритет на електрифицирана кросовер верзија и ќе го репозиционира моделот за да го искористи бумот на „SUV“ моделите.
Каква и да е одлуката, вистината е дека европскиот Б-сегмент се очекува да доживее дополнителни пресврти во наредните години. Законодавството ги прави автомобилите поскапи за производство во време кога потрошувачите сакаат само теренци. И ова се случува токму во моментот кога кинеските производители се подготвуваат да ги лансираат своите најконкурентни автомобили на светските пазари.