29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧави побарал да му го донесат Меси

Чави побарал да му го донесат Меси

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, побарал од клупските челници да говратат на „Ноу Камп“, Лионел Меси. Чави е свесен дека ќе биде тешко да го донесе Меси оваа сезона, но сака да го врати во јули 2023 година кога Аргентинецот ќе стане слободен играч.

„Чави има одлични односи со аргентинската ѕвезда и е убеден дека враќањето на Меси може многу да му помогне на каталонскиот клуб, и финансиски и спортски“, пишува каталонски „Спорт“ и наведува дека целта и на Меси и на Барселона е Аргентинецот да ја заврши кариерата на клубот во кој пристигна на 13-годишна возраст.

Меси минатата година ја напушти Барселона откако Каталонците не можеа да му понудат нов договор поради финансиските проблеми.

„Иако Меси следната година ќе го прослави својот 36-ти роденден, Чави верува дека враќањето на Меси ќе го рестартира клубот и дека Лео може да понуди многу повеќе на теренот и да биде лидер на новиот тим на Барселона“, додава „Спорт“.

Чави ја пренел својата желба до раководството кое веќе ја започнало акцијата за враќање на Меси, но проблемот е што ПСЖ му нуди нов договор на Аргентинецот. Меси ќе размислува во кој клуб ќе игра следната сезона по декември и Светското првенство, дотогаш не сака да преговара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП