Сите знаеме дека јаткастите плодови се едни од најздравите намирници кои најдобро се консумираат за појадок или како ужина. Сепак, индиските ореви се вистинска ризница на здравјето, па затоа треба почесто да се најдат на вашето мени.
Нутриционистите тврдат дека една од најкорисните функции што индискиот орев ја има врз здравјето е тоа што ја спречува репродукцијата на слободните радикали кои го забрзуваат стареењето на кожата.
Богат е со витамини А, Б2 и Б1, железо, селен, палмитолеинска и олеинска киселина, аминокиселина триптофан и голем број други протеини и корисни минерали.
И како тоа влијае на нашето тело?
Го намалува крвниот притисок
Редовното консумирање индиски ореви е поврзано со пониски вредности на крвниот притисок, покажуваат резултатите од студијата објавена во списанието Current Developments in Nutrition. Вклучувањето на индиските ореви во исхраната може да ги подобри вредностите на горниот и долниот крвен притисок, но и да го намали нивото на триглицериди.
Го намалува нивото на холестерол
Ако јадете индиски ореви секој ден наместо ужина богата со јаглени хидрати, имате ефект на намалување на нивото на холестерол во крвта.
Важно е да знаете дека од 60 до 100 грама од ова овошје неделно (или од 5 до 8 јатки дневно) се доволни за да добиете придобивки од него.
Го регулира нивото на шеќер во крвта
Индискиот орев содржи незаситени масни киселини кои имаат корисен ефект врз нивото на шеќер во крвта. Исто така, придонесува за намалување на нивото на триглицериди и го штити телото од понатамошни компликации поврзани со високото ниво на шеќер и холестерол. Секојдневното консумирање на индиски ореви значително го намалува ризикот од дијабетес тип 2.
Добро е познато дека храната може да го забави стареењето на телото, а тоа што го јадеме се рефлектира на нашето лице. Лекарите советуваат дека после 50-та година мора да вклучите јаткасто овошје во вашето мени, освен што ја одржува кожата млада, ги нормализира проблемите со спиењето кај жените во менопауза.