недела, 2 октомври 2022
ПочетнаСПОРТБИЗБугарска манипулација и во фудбалот: ЦСКА Софија смета дека не е безбедно...

Бугарска манипулација и во фудбалот: ЦСКА Софија смета дека не е безбедно да игра во Скопје против Македонија ЃП

Бугарскиот клуб ЦСКА Софија смета дека УЕФА не треба да дозволи нивно гостување во Скопје, на мечот против Македонија ЃП од второто квалификациско коло од Конференциската лига поради безбедносни причини. Во таборот на ЦСКА Софија се изненадени од фактот дека добиле само 60 билети од домаќинот Македонија ЃП за натпреварот кој е закажан за 21. јули на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Тие сега бараат УЕФА да донесе одлука натпреварот да не се игра во Скопје, туку надвор од Македонија и го предлагаат Ниш.

„Само 60 билети доби ЦСКА Софија за првиот натпревар, а причината е препораката од локалните власти, поради антибугарските протести. И сега прашање е дали мечот треба да се игра во македонската престолнина? УЕФА има пракса да реагира веднаш ако има политички тензии и ваквите мечеви се играат на неутрален терен. Такви примери има кога играат екипи од Ерменија и Азербејџан. Во овој случај, дури решението е и наједноставно, Ниш е блиску до двата главни градови. ЦСКА треба да реагира и УЕФА многу веројатно ќе ја направи промената. За реваншот не би имало проблем да се игра во Софија“, пишува бугарскиот медиум „Труд“ на оваа тема.

Вистината е, сепак, дека на гостите им следува само пет проценти од билетите за натпреварот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП