26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерика веќе влезе во рецесија

Америка веќе влезе во рецесија

Мерката што го следи економскиот раст укажува на зголемена веројатност дека американската економија веќе е влезена во рецесија.

Повеќето економисти од „Wall Street“ укажаа на зголемена веројатност за негативен раст во иднина, но тие не мислат дека тоа ќе се случи барем до 2023-та година.

Сепак, мерката „GDPNow“ на ФЕД од Атланта, која ги следи економските податоци во реално време и постојано се прилагодува, покажува пад на производството за 2,1% во вториот квартал. Заедно со падот од 1,6% во првиот квартал, ова ќе одговара на техничката дефиниција за рецесија.

„„GDPNow“ има силно досие и колку поблиску се доближуваме до објавувањето на 28-ми јули (на првичните проценки за БДП-то во вториот квартал) толку попрецизно станува“, напиша Николас Колас, ко-основач на „DataTrek Research“.

Следењето нагло опадна од неговата последна проценка за раст од 0,3 отсто на 27-ми јуни. Податоците од оваа недела кои покажуваат континуирана слабост во потрошувачката и домашните инвестиции приспособени според инфлацијата ја поттикнаа контракцијата што го стави периодот април-јуни на негативна територија.

Една голема промена во кварталот е зголемувањето на каматните стапки. Во обид да ја спречи зголемената инфлација, ФЕД ја зголеми својата референтна стапка на задолжување за 1,5 процентен поен од март, со понатамошни зголемувања најверојатно до крајот на годината и евентуално во 2023-та година.

Претставниците на ФЕД изразија оптимизам дека ќе можат да ја скротат инфлацијата без да ја доведат економијата во рецесија. Сепак, гувернерот Џером Пауел изјави претходно оваа недела дека намалувањето на инфлацијата сега е најважната задача.

На панел дискусија претходно оваа недела презентирана од Европската унија, Пауел беше запрашан што ќе му каже на американскиот народ за тоа колку време ќе биде потребно за монетарната политика да се справи со зголемените трошоци за живот.

Тој рече дека ќе ѝ каже на јавноста: „Целосно ја разбираме и ја цениме болката низ која луѓето поминуваат во справувањето со повисока инфлација, дека ги имаме алатките да се справиме со неа и решеноста да ги искористиме, и дека сме посветени и ќе успееме да ја спуштат инфлацијата на 2%. Многу е веројатно дека процесот ќе вклучува одредена болка, но полошата болка ќе биде неуспехот да се справи со оваа висока инфлација и да се дозволи таа да стане постојана“.

Не се знае дали ова ќе прерасне во рецесија. Националното биро за економски истражувања, официјален арбитер за рецесии и експанзии, забележува дека два последователни квартали на негативен раст не се неопходни за да се прогласи рецесија. Сепак, од Втората светска војна, САД не се намалуваат во последователни квартали без да бидат во рецесија.

За волја на вистината, овој тракер може да биде непостојан и да се менува со секое објавување на податоци. Сепак, Колас истакна дека моделот „GDPNow“ станува попрецизен како што напредува кварталот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП