26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Растечките економии ја губат трката

ММФ: Растечките економии ја губат трката

mmf2

Специјалистите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) тврдат дека ќе се намалат инвестициите на брзорастечките економии во светот, пренесува лондонски “Фајненшл тајмс”.

ММФ оценува дека развиените земји ќе дадат одлучувачки придонес за идниот развој на светската економија.

Весникот на британската деловна елита, повикувајќи се на „тајниот извештај“ од ММФ, наведува дека таа меѓународна финансиска организација повеќе не смета дека Кина, Индија и другите брзорастечки економии ќе бидат основниот мотор за раст на глобалната економија.

Во ММФ засега се уверени дека главниот поттик за глобалниот економски раст доаѓа од САД и другите најразвиени западни земји, во кои економската експанзија сега почнува да се забрзува.

„Фајненшл Тајмс“ пишува дека наведениот извештај на ММФ, кој бил специјално изготвен за лидерите на Г20 – економски најразвиени земји во светот, кои денеска и утре ќе се сретнат во Санкт Петербург и ќе дискутираат за актуелната состојба како и за перспективите на светската економија.

Овој извештај би требало, како што тврди „Фајненшл Тајмс“ да ги поттикне лидерите на Г20 да ги прифатат итните мерки за совладување на ризиците по забавувањето на економскиот раст во најсиромашните земји во светот.

Лидерите на Г20, сепак, би можеле и да не поверуваат во анализата на ММФ, истакнува „Фајненшл Тајмс“, кој напоменува дека ММФ во април оваа година не можел точно да ја одреди состојбата на светската економија, иако тогаш предупредуваше дека стопирањето на стимулативните мерки за поттикнување на економскиот раст во развиените земји би можело да предизвика голема напнатост на финансиските пазари и продажбата на валути на брзорастечките економии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП