29 март, 2024

Еврото тоне ли тоне!

Не запира пропаѓањето на еврото во однос на американскиот долар и сите други главни валути.

Цената на валутниот пар EUR/USD секојдневно паѓа и креира нови дна, движејки се во оштроаголен надолен канал што значи прав тренд. Цената на парот ги респектира нивоата на поддршки но само за мала незначителна корекција за повторно да наиде на најблискиот отпор кој ја турка повторно со засилен моментум во правец на надолниот тренд.

Моментално цената на EUR/USD е во процес на пробивање на вчерашното дно 1,3165 одкако се одби од отпорот на цена 1,3214, цена на Фибоначи нивото 23,6%.

Доколку цената продолжи да паѓа, што е поверојатно, и го пробие наниското дно на 1,3140 веројатно ќе следи слободен пад до следната поддршка при цена од 1,3094 ако не и подолу со оглед дека трендот е доста јак.

Доколку следи корекција и нагорно движење, цената најверојатно ќе формира една класична “Elliot Wave” формација 1234, при што би побарала нов отпор на цена 1,3242 за потоа да продолжи со надолен тренд!

eurusdh4_05_09

Еврото тоне исто така и во однос на сите други главни валути, што забележува секојдневно најниски цени.

EUR/CAD забележува пад до 1,3800, EUR/GBP се спушти на цена 0,8430, EUR/AUD буквално протона до 1,4360 и моментално продолжува да тоне!

Доколку сте го продавале еврото во однос на повеќето главни валути на Форекс берзата, од претходната недела до ден денес, би заработале големи профити. На пример продавање на евро спроти долар со големина од 1 лот од цена 1,3420 до денешна цена 1,3160 би заработале 2600 долари, продавање на евро во однос на канадски долар со 1 лот од цена 1,4100 до денешна цена 1,3800 заработката изнесува 3000 долари  итн.

Адмирал Маркетс ви ги нуди најдобрите услови за тргување на Форекс берзата и безкомпромисна поддршка во секое време 24/5.

 

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП