6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГермански енергетски регулатор ги повика потрошувачите и бизнисите да штедат гас

Германски енергетски регулатор ги повика потрошувачите и бизнисите да штедат гас

Еден од главните германски енергетски регулатори ги повика потрошувачите и индустријата да ја намалат потрошувачката на природен гас за да ги поддржат националните напори за надополнување на капацитетите за складирање гас пред следната грејна сезона, откако Русија ги преполови испораките на „синото гориво“ на почетокот на оваа недела за регионот.

„Сегашните намалувања на испораките на руски гас може да не доведат сите нас, и потрошувачите и индустријата, во многу сериозна ситуација“, напиша на „Twitter“, Клаус Мулер, шеф на „Bundesnetzagentur“.

„Колку што можеме, треба да го спречиме ова со заштеда на гас и со складирање“, рече тој.

Повикот на Мулер следи по остриот пад на испораките на гас од Русија, што според германската влада е политички чин за нарушување на стабилноста на пазарот и зголемување на цените. Германските компании „Uniper SE“ и „RWE AG“ соопштија дека добиваат помалку гас од Русија.

Опишувајќи ги намалувањата на Русија како „политички мотивиран“ потег, Германија, која останува еден од најголемите руски купувачи на гас, отворено го оспори тврдењето на „Газпром“ дека исклучувањето е поради технички проблеми со турбините направени од „Siemens“, став што Кремљ го повтори во четвртокот.

„Германската влада внимателно ја следи ситуацијата и е подготвена да дејствува доколку е потребно“, изјави вчера германскиот министер за економија Роберт Хабек критикувајќи го однесувањето на Русија.

Говорејќи во интервју за германскиот сајт за вести „RP Online“, Мулер рече дека складиштата за гас во Германија се веќе полни 55 отсто, што е далеку од потребните 90 отсто на земјата пред почетокот на следната грејна сезона. Иако заштедите на енергија од страна на потрошувачите се еден од начините за поддршка на овие напори, Германија исто така бара да инсталира повеќе терминали за течен природен гас (LNG) кои ќе бидат вклучени во мешавината на производи, рече Мулер во интервјуто.

„Целосното прекинување на испораките на руски гас ќе и даде на земјата околу 24 часа да реагира“, рече Мулер. „Германија спроведе план за вонредни ситуации во три чекори, кој на крајот ќе бара посебен стандард за потрошувачка на енергија за некои индустрии, додека приватните потрошувачи се со помала веројатност да останат без греење во зима“, додава тој.

Во меѓувреме, руската енергетска компанија „Газпром“, наводно, во четвртокот вечерта го намалила снабдувањето со гас за Германија преку гасоводот „Северен тек“ во Балтичкото Море. Според јавно достапните податоци објавени на интернет од операторот на гасоводот „Северен тек“, обемот на гас е намален од средата навечер. Во утринските часови обемот на испораките – екстраполиран за 24 часа – достигна околу 40 отсто од техничкиот капацитет што го објави „Газпром“.

Роберт Хабек ја нарече ситуацијата сериозна, но рече дека тоа не ја загрозува безбедноста на снабдувањето во Германија. Ограничувањето на гасот се совпаѓа со посетата на канцеларот Олаф Шолц на Киев.

Шолц пристигна во Киев во четвртокот наутро со францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги. Таму тие разговараа со претседателот Зеленски за понатамошната поддршка за земјата која е нападната од Русија.

Од 23 часот во средата навечер, податоците на „Северен тек“ покажуваат намалување на количината на испорачан гас преку гасоводот во Балтичкото Море. Испораката гасот низ гасоводот преку Балтичкото Море изнесувал околу 2,6 милиони кубни метри (29 милиони киловат часови), од 8 до 11 часот, според податоците, на секој час се добивале околу 2,7 милиони кубни метри (30 милиони киловат часови).

Во средата, рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави дека ќе ја намали испораката на гас на „Северен тек 1“ за Германија. Од четврток навечер преку цевководот ќе се испумпуваат најмногу 67 милиони кубни метри дневно. Повторно, државната компанија го оправдува потегот со одложување на поправките. А дури во вторникот „Газпром“ најави намалување на однапред планираниот дневен волумен од 167 милиони за околу 40% на 100 милиони кубни метри гас дневно и наведе доцнење во поправката на гасните компресори. Тогаш енергетската компанија „Siemens Energy“ објави дека поради руските санкции, гасната турбина што е поправена во Канада во моментов не може да се испорача назад од Монтреал во Русија. Новото намалување на 67 милиони кубни метри значи намалување за околу 60% за два дена.

Сојузната Република добива околу 35% од својот гас од Русија, а Берлин веќе ја започнува првата фаза од трифазен итен план за да се обезбеди сигурност во снабдувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП