29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилната конкуренција и слабите резервации ќе ја намалат добивката на „Ryanair“

Силната конкуренција и слабите резервации ќе ја намалат добивката на „Ryanair“

ryanair1

Најголемиот европски економичен авиопревозник „Ryanair“ предупреди дека неговата добивка оваа година ќе биде пониска од онаа што беше прогнозирана, пренесуваат британските медиуми.

Поради пониските цени на билетите и слабите резервации за септември, октомври и ноември во компанијата проценуваат дека добивката би можела да биде пониска, односно дека таа би можела да биде во долниот дел од прогнозираниот опсег од 570 до 600 милиони евра.

Од компанијата укажуваат на поголемата конкурентност на превозниците во Велика Британија, Скандинавија, Шпанија и Ирска, на што според сопствените искази биле приморани да настапат со „агресивна“ продажба на билетите.

„Соопштението од „Ryanair“ претставува изненадување и во спротивност е со некои објави за конкурентноста на групата, како и пораката на самиот „Ryanair“, која беше испратена во јуни на редовниот состанок на инвеститорите“, истакна Доналд Онил од „Goodbody Stock Brokers“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП