2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLF-NX е најава за новиот кросовер на Lexus

LF-NX е најава за новиот кросовер на Lexus

nf-nx

„Lexus“ го претстави концептот „LF-NX“ кој со својата појава на патот ќе ги обесхрабри сите учесници во сообраќајот.

Ако целта на дизајнерите била заплашување на возачите на другите автомобили, тоа секако им успеало. „Lexus LF-NX Concept“ влегува во најтесниот избор за најстрашно возило на сите времиња.

Се чини дека на овој корсовер се е предмет на неговите визуелни карактеристики, а најголем впечаток остава големата маска на ладилникот која е направена во стилот кој е карактеристичен за најновата генерација на модели на овој производител.

nf-nx1

Нагласените остри линии на каросеријата личат на борбено „стелт“ возило, а агресивниот стилски пристап продолжува и на задниот дел од концептот.

За дополнително да се засили визуелниот впечаток во надворешноста се користени сребрени детали, а пак во ентериерот портокалови и неон-сини детали.

nf-nx2

„Lexus LF-NX“ ќе има премиера на претстојниот авто-саем во Франкфурт. Производителот не ги соопшти техничките детали, но откри дека за погонот на ова возило ќе биде употребена нова хибридна верзија на систем, која специјално е прилагодена за ова возило.

Според зборовите на луѓето од компанијата, концептот „LF-NX“ претставува најава за новиот компактен кросовер на „Lexus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП