2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРафинериите мака мачат да обезбедат гориво што им е потребно

Рафинериите мака мачат да обезбедат гориво што им е потребно

Рафинериите ширум светот се борат да ја задоволат побарувачката за гориво, пишува „Reuters“. По завршувањето на пандемијата, потрошувачката закрепна, но пазарот беше под притисок од повеќе фактори, вклучително и ефектот од економското затворање во последните две години и војната во Украина.

Кина, Русија и САД се трите земји со најголем капацитет за преработка на нафта. Во сите три земји, производството на нафта е под нивото пред пандемијата, што ги поткопува напорите за намалување на цените на горивата на малопродажните пазари со ослободување на сурова нафта од резервите.

Пред две години побарувачката беше ниска и тоа запре многу рафинерии. Сега ситуацијата е обратна, но продолжувањето на производството е побавен процес и може да потрае со години, што ќе ги одржи високите цени на горивото. Според Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), во 2021-ва година производството на нафтени деривати ширум светот се намалило за прв пат по 30 години.

Во април 2022-ра година, дневното глобално производство на нафта се намали на 78 милиони барели, што е најниско ниво од мај 2021-ва година и под просекот од 82,1 милиони барели пред пандемијата.

Во исто време, глобалните резерви на гориво се намалуваат седми последователен квартал, и додека суровата нафта порасна за околу 50 отсто, американските фјучерси за гориво за греење пораснаа за 71 отсто во април на годишна основа.

Според „Reuters“, руските рафинерии го намалиле своето производство за 30 отсто поради санкциите наметнати на земјата поради војната во Украина. Кина, вториот по големина светски производител на нафтени деривати, го намали производството во последните недели поради новите случаи на коронавирус во земјата. Покрај тоа, земјата го ограничи извозот на нафтени деривати за намерно да го намали рафинериското производство како дел од напорите за намалување на емисиите на јаглерод.

Забраната за увоз на руска нафта ги остави рафинериите во североисточниот дел на САД без резерви на суровини за рафинирање. Некои од нив го намалија капацитетот бидејќи не можеа да најдат алтернатива.

Другите производители засега немаат намера да го обноват производството. Јапонската компанија „Eneos Holdings“, најголемата во земјата во оваа индустрија, рече дека нема планови да отвора рафинерии што беа затворени поради пандемијата. Сепак, „TotalEnergies“ започна со рестартирање на производството во некои од своите комплекси.

„Reuters“, исто така, забележува дека новите проекти доцнат. На пример, плановите за отворање рафинерија во Лагос за обработка на 650.000 барели дневно се префрлија од крајот на 2022-ра година на крајот на 2023-та година.

Индустријата сега е загрижена дека неочекуван настан, како што е оштетувањето на рафинериите од урагани во Мексиканскиот залив, може да ги стави на вистински тест. Еден од секторите што ќе биде најтешко погоден е земјоделството и се стравува од потребата да се обезбеди доволно гориво за тракторите во голем број земји, вклучувајќи ги САД и Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП