29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУвозот на течен гас во Кина може да падне за прв пат...

Увозот на течен гас во Кина може да падне за прв пат од 2015-та

Увозот на течен природен гас (ЛНГ) во Кина би можел да го забележи својот прв голем пад оваа година бидејќи растот на цените и намалените антиепидемиски мерки во земјата ја намалија побарувачката за гориво.

Минатата година, Кина стана најголем купувач на ЛНГ во светот, но ја врати предноста на Јапонија во првите четири месеци од 2022-ра година, откако увозот падна за 18 отсто на годишно ниво, според „Refinitiv“.

Употребата на гас дополнително опаѓа овој месец, откако новите избувнувања на коронавирусот принудија продолжување на блокадите во неколку производствени центри – можен знак за остар годишен пад, изјавија деловни извори за медиумите.

„Индустриските потрошувачи дури и не нарачуваат испораки што пристигнуваат во јули“, рече кинески трговец.

Увозот на ЛНГ би можел да падне за 19% оваа година – за 1 до 15 милиони тони – прв значаен пад откако Кина почна да увезува течен природен гас во 2006-та година, според „S&P Global Commodity Insights“, „Wood Mackenzie“ и „SIA Energy“.

Единствениот годишен пад на овие видови увоз има во 2015-та година, кога се намали за 1%.

Ли Жупенг, трговец со гас во северниот индустриски град Тангшан, рече дека неговите клиенти – вклучувајќи бензински пумпи, челичарници и други – купуваат половина од обемот пред една година.

„Во моментов, бизнисот е ужасен“, рече Ли.

Фабриките работат „значително под капацитетот скоро половина година“ бидејќи компаниите го намалија производството за време на инспекциите за загадување на животната средина околу Олимпијадата во Пекинг, проследено со затворањето поради Ковид-19.

„Високите цени сѐ уште еден убиец, бидејќи многу од моите клиенти не можат да ги префрлат трошоците кога нивните деловни нарачки се намалуваат“, рече тој.

Иако испораките на природен гас за Кина се зголемуваат, а побарувачката се намалува, светските цени остануваат високи, со оглед на инфлацијата, особено кај горивата, руската инвазија на Украина и други неизвесни настани.

Кина е главен двигател на побарувачката на ЛНГ од 2017-та година, кога започна агресивната транзиција од јаглен на гас за да се намали загадувањето.

„Властите во Пекинг се фокусираа на обезбедување на залихи и намалување на трошоците, што помогна да се направи јагленот поевтин од почистот гас“, рече Лу Ксијао, аналитичар во „S&P Global Commodity Insights“. Тој предвидува дека побарувачката ќе порасне за само 4% во оваа година, што би било најниско ниво од 2015-та година.

Аналитичарите велат дека Кина најверојатно нема да помине низ истиот недостиг на енергија како минатата година, бидејќи производството на јаглен е на високо ниво, а производството на хидроенергија е во пораст.

Залихите на ЛНГ се зголемуваат на клучните кинески терминали, при што резервите сочинуваат просечно 65% од капацитетот во претходната недела (23-29 мај) или 50% помалку од една година порано, според статистичките податоци на кинескиот консултант „JLC“.

Иако цената на ЛНГ во Азија е речиси половина пониска од декември, таа останува речиси двојно повисока од државно регулираното ниво на цените на природен гас на големо во Кина. Затоа, доминантните државни увозници, како што се „Sinopec“ и PetroChina, се очекува да ги намалат набавките на самото место и да се потпрат повеќе на малку поевтини долгорочни зделки, велат трговците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП