Светската здравствена организација соопшти дека мајмунските сипаници во моментов претставуваат „умерен ризик“ за јавното здравје на глобално ниво, откако се пријавени случаи во земји каде што досега не биле присутни.
„Ризикот за јавното здравје може да се зголеми ако вирусот ја искористи можноста да се појави како човечки патоген и да се прошири на високоризичните групи, како што се малите деца и луѓето со ослабен имунолошки систем“, соопшти СЗО, пренесе Ројтерс.

