3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриказната за оданочување на богатите „избегната“ на игралиштето на милијардерите

Приказната за оданочување на богатите „избегната“ на игралиштето на милијардерите

Иако знае дека даночната политика никогаш не била популарна тема во Давос, кое е игралиште за милијардери, корпоративни гиганти и водечки политичари, извршната директорка на Оксфам, Габриела Бушер, беше фрустрирана што не беше многу кажано на Светскиот економски форум оваа година.

Високите цени на енергијата станаа голем товар за домаќинствата на глобално ниво, а Обединетите Нации проценуваат дека минатата година 193 милиони луѓе во 53 земји останале гладни и предупредуваат дека оваа бројка ќе биде многу поголема оваа година поради екстремните временски услови и недостигот на храна.

Потребна е широка мобилизација за справување со екстремната ситуација со која се соочуваме сега, а она што може да направи вистинска разлика е даночната политика, рече Бушер на единствениот даночен панел во Давос.

Поради големината на кризата, владите ќе мора сериозно да размислат за оданочување на богатството стекнато од најбогатите луѓе во светот, па дури и ако плаќаат релативно симболични даноци, ќе се направи голема разлика, изјави Бушер за Си-Ен-Ен.

Оксфам процени дека воведувањето данок од два отсто на богатство од повеќе од пет милиони долари, со прогресивно зголемување на пет отсто на богатство од повеќе од милијарда долари, ќе собере дури два ипол трилиони или 2.500 милијарди долари, ширум светот. Идејата за воведување прогресивна даночна стапка беше актуелна и за време на пандемијата на Ковид, кога најбогатите станаа уште побогати, додека најголемиот број луѓе станаа уште посиромашни.

Во извештајот објавен во пресрет на Давос, Оксфам наведува дека од 2020 година во клубот на милијардери се приклучиле уште 573 богаташи, така што сега во светот ги има 2.668. И покрај јасните знаци дека на светот му се заканува невидена криза на глад, оваа година темата за даночната политика не привлече големо внимание во Давос, што го призна и генералниот секретар на ОБСЕ Матијас Корман.

„Светското богатство 430 трилиони, а ние избираме кои деца да јадат“

Шефот на програмата за храна на Обединетите нации, Дејвид Бисли, за Си-Ен-Ен изјави дека поради климатските промени и војната во Украина, на крајот на годината во некои делови од светот ќе владее акутен глад, што ќе дестабилизира многу земји и ќе доведе до масовна миграција.

Она што ни го крши срцето во оваа ситуација е фактот дека сега имаме богатство вредно 430 трилиони или 430.000 милијарди долари, а кога организацијата што ја водам нема доволно пари, принудени сме да избереме кои деца ќе јадат, а кои не, рече Бисли.

Минатата година Бисли го повика сопственикот на Tesla, Илон Маск, велејќи дека само два отсто од неговото богатство би биле доволни за да го спаси светот од глад, а пред неколку дена изјави дека се уште се надева дека Маск и другите милијардери ќе одлучат да помогнат. За негова жал, тоа нема да се случи, барем кога е Маск во прашање.

“Употребата на зборот милијардер во навредлива смисла е морално погрешно и глупаво”, напиша Маск на Твитер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП