19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка: Се наѕира глобална рецесија

Светска банка: Се наѕира глобална рецесија

Руската инвазија на Украина може да предизвика глобална рецесија бидејќи цените на храната, енергијата и ѓубривата продолжуваат да растат со рекордни стапки.

Ова предупредување го издаде шефот на Светската банка, Дејвид Малпас.

Малпас рече дека „не гледа како светската економија би можела да избегне рецесија“.

Според него, серијата заклучувања поради коронавирусот во Кина ги зголемува ризиците од ретардација на растот.

„Идејата за удвојување на цените на енергијата е доволна за да предизвика рецесија сама по себе“, додаде тој.

Минатиот месец Светска банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст во оваа година за речиси цел процентен поен на 3,2%.

Дејвид Малпас смета дека многу европски земји сѐ уште се премногу зависни од увозот на нафта и гас од Русија.

Како дел од виртуелниот настан организиран од Стопанската комора на САД, шефот на Светската банка коментираше дека обидите на Москва да го намали снабдувањето со гас може да доведат до значителни одложувања во регионот.

Според него, повисоките цени на енергијата веќе и тежат на Германија, која е најголема економија во Европа и четврта по големина во светот.

Земјите во развој се исто така погодени од недостигот на ѓубрива, храна и енергија.

Малпас, исто така, изрази загриженост за заклучувањата во некои од поголемите градови во Кина, вклучително и финансиските, производствените и транспортните центри во Шангај.

„Кина веќе минува низ период на одредена контракција на пазарот на недвижности. Прогнозата за раст на Кина, дури и пред руската инвазија на Украина, беше значително намалена за 2022-ра година“, рече тој.

Во меѓувреме, кинескиот премиер Ли Кечијанг рече дека втората по големина економија во светот е посилно погодена од најновата рунда антиепидемиски ограничувања отколку на почетокот на заклучувањето на пандемијата во 2020-та година.

„Напредокот не е задоволителен. Некои провинции известуваат дека само 30% од бизнисите се повторно отворени. Соодносот треба да се зголеми на 80% за краток временски период“, рече Ли Кечијанг.

Целосен или делумен карантин беше воведен во десетици кинески градови во март и април. Мерките доведоа до нагло забавување на економската активност низ целата земја.

Во последните недели, официјалните бројки покажуваат дека се погодени големи делови од економијата, од производителите до трговците на мало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП