29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајдобрите борци против канцерот се овие 3 намирници

Најдобрите борци против канцерот се овие 3 намирници

Идеалната здрава трпеза се состои од 50 проценти зеленчук – остатокот се белковини од животинско потекло, житарки и масти. Трите најдобри „борци” против канцерот се рибата, брокулите и доматите.

Брокула

Глукосинолатите кои се наоѓаат во брокулата му даваат на овој зеленчук интензивен вкус, но ја намалуваат веројатноста за појава на малигни клетки. Оваа состојка е особено активна при џвакањето и во текот на варењето, и е исклучително делотворна во борбата против ракот на мочниот меур и дојката.

Риба

Кај жените кои консумираат премногу масна храна, ризикот за добивање на рак на дојка изнесува и до 55 проценти. Нутриционистите јасно дефинирале што е „премногу”: консумирање на масна храна повеќе од три пати неделно. Оние кои ќе се преориентираат кон рибата (три пати неделно е сосема доволно), ќе го намалат ризикот за добивање на малигни заболувања и до 65 проценти.

Омега-3 масните киселини во рибата не само што се обидуваат да го спречат настанокот на малигни клетки, туку и го запираат понатамошниот развој на веќе формираните. Кај оние кои веќе се борат со канцерот, а каде рибата е често застапена на трпезата, постои голема шанса за канцерогените клетки во нивниот организам понатаму да не се развиваат.

Домати

Овие црвени плодови не само што се нискокалорични (100 грама содржи од 17 до 20 калории), туку се и исклучително вкусни. Доматот е зеленчук кој има најмногу ликопен, супстанца поради која оваа билка има црвена боја и која служи како многу значаен заштитник на срцето и крвните садови.

Ликопенот, меѓутоа, може и многу повеќе од тоа – тој го забавува растот на малигните клетки и до 50 проценти – а во комбинација со витаминот Е кој се наоѓа во маслата и мастите од растително потекло, нивниот раст се намалува за дури и до 70 проценти. Неговата концентрација се зголемува со загревање – варен или термички обработен (на пример во вид на кечап или сос), доматот е многу поделотворен во борбата против ракот, отколку кога се консумира сиров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП