25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПазарот за фалсификати е поголем од ирската економија (ИНФОГРАФИК)

Пазарот за фалсификати е поголем од ирската економија (ИНФОГРАФИК)

Чевли, облека, чанти, електроника: трговијата со предмети што ги прекршуваат меѓународните закони за интелектуална сопственост може да биде нелегална, но пазарот за фалсификувани производи е доста активен во последниве години.

Според извештајот за глобалната трговија со фалсификати на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), трговијата со фалсификувани производи во 2019-та година изнесува приближно 449 милијарди долари, пишува „Статиста“.

Податоците покажуваат дека продажбата на лажни патики, часовници и облека е исто толку профитабилна како и водење на европска земја со средна големина.

На пример, ирската економија генерира приближно 431 милијарди долари, според ОЕЦД, а Португалија е на седмото место меѓу земјите-членки на Организацијата со 372 милијарди долари.

Големината на пазарот за фалсификат е исто така пропорционална со економијата на Хонг Конг од 466 милијарди долари. Во Хонг Конг во периодот 2017-2019 година запленети се околу 20% од вредноста на конфискуваната фалсификувана стока.

Во истиот период, Кина и Хонг Конг учествуваа со речиси 80 отсто од обемот и околу 90 отсто од вредноста на трговијата со фалсификувани производи.

Турција, Сингапур и Обединетите Арапски Емирати се на третото, четвртото и петтото место, соодветно. Турција се издвојува со придонес од околу 10 отсто во вкупниот обем на запленета стока.

Авторите на извештајот забележуваат дека тоа не мора да значи дека фалсификатите потекнуваат од овие економии, туку дека овие земји служат како транзитна точка за овие артикли.

Според публикацијата, трговијата со фалсификувани или пиратски стоки сочинува 2,5% од светската трговија и приближно 6% од увозот во Европската унија во 2019-та година.

Иако извештајот не дава конкретни бројки, глобалната пандемија секако влијае на пазарот. Затворањето на границите и ограничениот производствен капацитет доведоа до зголемување на протокот на фалсификувани лекови и опрема за лична заштита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП