понеделник, 27 јуни 2022
ПочетнаЗДРАВЈЕБилка против замор

Билка против замор

Потребно е три лажици корен од цикорија во прав да ги помешате со една лажица какао во прав, да ги прелиете со зовриена вода и да оставите малку да се олади…

Со промената на годишното време, особено со промената од лето во есен, речиси сите се уморни и безволни, а не знаат како да му се спротивстават на тоа чувство. За оваа промена полесно да ја пребродите, пробајте уште денес да ја зголемите енергијата и да ја искористите за убави нешта.

За овој проблем постои природно решение – коктел против замор. Се прави многу едноставано и има пријатен вкус. Потребно е три лажици корен од цикорија во прав да ги помешате со една лажица какао во прав, да ги прелиете со зовриена вода и да оставите малку да се олади.

По желба можете да додадете и мед или стевија, со цел да го засилите вкусот. За полн ефект, пијте го наутро или напладне, а секако избегнувајте го пред спиење, бидејќи може да ви го поремети сонот.

Цикоријата е одличен стимуланс, која ја зголемува физичката енергија, го подобрува раположението, го забрзува метаболзимот, ја зајакнува способноста за одбрана на телото од многу болести, а ја подобрува и емоционалната состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП