Американскиот Сенат денеска одобри речиси 40 милијарди долари помош за Украина, како одговор на руската агресија, пренесува Укринформ, но наведува дека документот за да стапи во сила мора да го потпише претседателот на САД, Џо Бајден.
Сенатот со 86 гласа „за“ и 11 „против“ гласаше за пакетот воена, економска и хуманитарна помош, а сите 11 гласа „против“ беа од Републиканската партија.

