2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако да го подготвите возилото за безбедно возење

Како да го подготвите возилото за безбедно возење

timthumb (4)

Вистинската подготовка за на пат подразбира и детална проверка на состојбата на возилото, за возењето да не се претвори во ноќна мора. Еве неколку предлози како пред да тргнете на пат да ги проверите основните, но и клучните точки на вашиот автомобил.

Гуми:

Според неколку анкети гумите се еден од деловите на автомобилот на кои најмалку се посветува внимание. Само 10 проценти од возачите го проверуваат притисокот во пневматиците. Пренапумпана, недоволно напумпана или оштетена гума може да биде многу опасна.

При порастот на температурите расте и притисокот во пневматиците, па поради тоа препорачано е возачите задолжително да проверат во прирачникот или на гумата од страна, кој е идеалниот притисок за гумата и да се потрудат редовно да го проверуваат.

Недоволно напумпаната гума се шири на страните и така го зголемува притисокот на деловите од страните, а пренапумпаниот пневматик има помали допирни точки со тлотот и влијае врз стабилноста на возилото. Никако не треба да се запостави и проверката на притисокот и шарите на резервната гума.

Масло:

Задолжителна е проверката на маслото пред да се тргне на пат. Оваа течност ја оддржува работата на деловите на моторот, чиста, мазна и разладена.

Не треба да заборавите дека маслото кај поголемиот дел од возилата се менува по поминати 10.000 километри, иако експертите препорачуваат и на 5.000 километри или на секои три месеци.

Црева и ремени:

За да остане моторот на автомобилот што е можно поладен при возењето потребно е да се провери состојбата на цревата и ремените. Цревата кои се на ладилникот помагаат течноста за ладење да циркулира низ блокот на моторот, додека ремените го придвижуваат вентилаторот кој овозможува разладувње на системот.

Доколку цревата се напукнати или се скинат ремените, ладилникот ќе прегрее и автомобилот многу бргу ќе застане. Цревата мораат да бидат зацврстени, никако несмеат да бидат флексибилни, а ремените несмеат да бидат раздвоени на повеќе слоеви. Предвидената километража кај која драстично се зголемува опасноста од оштетување на ременот е 60.000 километри.

Филтер:

Во текот на зимата филтерот за воздух може да се затне од сол и други остатоци и така да ја зголеми потрошувачката на гориво до 10 проценти. Најчесто се менуваат по поминати 20.000 километри, но тоа во голема мера зависи од патот и од временските услови во кои се вози автомобилот. Доколку филтерот е премногу валкан потребно е веднаш да се промени, особено што е и не така скап.

Ладилник:

Оптималната работна температура на моторот со внатрешно согорување е околу 93 степени. Промената на течноста за разладување мора да се врши најмалку еднаш на две години. При возење на повисоки температури течноста за разладување се комбинира со вода во однос 1:1, а може да се купат и веќе подготвени смеси.

Доколку се појави течноста додека возилото е парикрано, тоа значи дека дошло до течење од ладилникот. Тогаш е неопходно да се однесе ладилникот во сервис за да се провери состојбата на разладниот систем.

Акумулатор:

Најдобар начин за оддржување на акумулаторот во оптимална работна состојба е негово чистење. При чистење на сите површини треба да се води сметка и за тоа дали тој е добро прицврстен и сите поврзани места се обезбедени.

Доколку возачот се посомнева дека е преполнет или бргу се празни треба да се однесе во сервис каде ќе ја проверат неговата состојба. При промена на акумулаторот треба да се избере одговарачкиот тип за моделот за кој одговара.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП