22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарате работа? Лондонските банки имаат потреба од работници

Барате работа? Лондонските банки имаат потреба од работници

london12

Бројот на слободни работни места во лондонските компании во финансискиот сектор во август е зголемен за 16 проценти, како резултат на растот на довербата на пазарот во економијата на земјата. Во бизнис областите Сити и Кенери Ворф, бројот на новите работни места е зголемен на 2,490 во август, од 2,150 во јули.

Бројот на пријавени бил незначително поголем од просекот од почетокот на годината, во август работа во финасискиот сектор барале 4,680 лица.

Поради растот на пазарот на капитал и економското закрепнување,  финасиските организации станаа повеќе активни во ангажирањето на работници, кои остваруваат приходи во областа на инвестициите и трговијата, сметаат експертите.

Бруто домашниот производ на земјата во вториот квартал се зголемил за 0,7 проценти, а индексот на берзата ФТСЕ 100 за 8,7 проценти од почетокот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП