29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаков спој: Меси купува акции во Интер Мајами на Дејвид Бекам и...

Каков спој: Меси купува акции во Интер Мајами на Дејвид Бекам и ќе игра за тимот од 2023 година

Враќањето на Лионел Меси во Барселона е се подалечно, ако се суди според последните информации. Фудбалерот на Пари Сен Жермен ќе остане во Париз до крајот на следната сезона, а потоа ќе се пресели во МЛС – лигата на САД во 2023 година.

Меси наводно веќе ги договорил сите услови околу трансферот во Интер Мајами, франшизата во сопственост на Дејвид Бекам. Но, и тоа не е се. Аргентинецот ќе купи и 35 отсто од клубот чиј акционер ќе стане по завршувањето на кариерата.

Интер Мајами е на претпоследното, 13. место во Источната конференција на МЛС лигата, а во своите редови ги има Гонзало Игуаин, Киран Гибс, Деандре Џедлин …

Тренер на тимот е Фил Невил, сопственик е Дејвид Бекам, а од 2023 година се чини дека ќе му се придружи и Лео Меси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП