2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе ги зголемат ли банките каматните стапки на кредитите?

Ќе ги зголемат ли банките каматните стапки на кредитите?

Народната банка по вторпат ја зголеми каматната стапка на благајничките записи и сега изнесува 1.75% на годишна основа.

Целта на зголемувањето е подигање на интересот на банките за поголемо вложување во благајнички записи наместо во кредити на нефинансискиот сектор, домаќинствата и компаниите.

Со тоа би се намалиле инфлациските движења во државата. Инфлацијата во месец април изнесува 10.8 %.

Зголемувањето на каматната стапка на благајничките записи секако ќе предизвика зголемување на каматните стапки на кредитите бидејки каматната стапка на благајничките записи е како основа за формирање на каматните стапки на банките.

Ризик од променета каматна стапка покрај за новите кредити, постои и за претходно одобрените кредити со променлива и прилагодлива каматна стапка.

Според податоците на Народната банка со состојба 31.12.2021 година, 71,1 отсто се такви кредити. 62,7 отсто се кредити со променлива каматна стапка, а 8,4 отсто со прилагодлива каматна стапка.

Во вкупните приходи на банките за минатата година, каматните приходи учествувале со 59,3 отсто и тоа 35,2 отсто камата наплатена од домаќинствата и 22,1 отсто камата наплатена од компаниите.

Во 2021 година банките во Македонија остварија добивка од 148 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП