9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток кој ќе им помогне на оние кои страдаат од гихт

Напиток кој ќе им помогне на оние кои страдаат од гихт

Гихт е воспаление на зглобовите кое настанува поради таложење на кристали од уричната (мочна) киселина. Симптомите на оваа непријатна состојба можат да се излекуваат со помош на овој природен напиток…

Гихтот кај народот е познат како најстарата болест на светот – постоењето на овој вид артритис е забележано уште во времето на древен Египет.

Тоа е всушност воспаление проследено со силна болка, црвенило и отекување кое настанува од наталожувањето на кристали.

Уричната киселина настанува при разградување на пуринот, а обично од телото се исфрла преку урината. Меѓутоа, ако организмот произведува зголемена количина на урична киселина или пак бубрезите не ја елиминираат од телото, тогаш може да дојде до нејзина кристализација. Настануваат остри кристали кои се таложат во зглобовите, најчесто на стапалата, на подрачјето околу ножните прсти и предизвикуваат силна болка.

Денес постојат повеќе лекови со кои се лекува оваа непријатна состојба, а за оние кои се заинтересирани за природните препарати, имаме одличен рецепт.

Состојки:

1. Шака стебла од целер (зелениот дел меѓу коренот и листовите)

2. 1 парче свеж ѓумбир (од 2 до 3 сантиметри)

3. Половина свежа краставица со средна големина

4. Сок од половина лимон, по желба

Подготовка: Ситно исецкајте го целерот, ѓумбирот и краставиците, ставете ги во блендер и добро измешајте. На крајот додадете го сокот од половина лимон. Напитокот испијте го додека е свежо приготвен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП