10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТри лоши навики кои водат до неуспешен бизнис

Три лоши навики кои водат до неуспешен бизнис

oops1

До нас најчесто пристигнуваат информациите за она што големите бизниси го прават добро. Но постојат лекции што мора да се научат од карактеристиките што ги дистанцираат компаниите од достигнувањето на нивниот потенцијал.

Многу е пишувано за карактеристиките на високо успешните бизниси. Сметаме дека е многу важно да се разберат и карактеристиките на неуспешните компании. Ако се идентификуваат факторите кои го ограничуваат вашиот бизнис, вие може да генерирате нови идеи за тоа како поефикасно да се вратите.

Постојат три клучни препреки на способноста на било кој менаџерски тим да изгради успешен бизнис:

-Тие веруваат дека нивните околности се непроменливи, и затоа не делуваат

-Тие не поставуваат одредници на нивното патување

-Тие не прават проценки во работата

 

Непроменливи околности

Секогаш постојат опции и избори. Во нашиот бизнис, ние можеме да го промениме начинот на кој ќе ги насочуваме нашите клиенти, нашите вработени и нашите цели. Нема секогаш да бидеме во можност да ги промениме сите три – но никогаш нема да има време кога не ќе можеме да промениме барем еден од нив.

Во нашето искуство, кога успешните менаџмент тимови објективно ги гледаат фактите, секогаш се способни да ги видат можностите и флексибилноста. На пример, не сите деловни средства од билансот на состојба : Ангажмани на клиенти и лојалност, односи и локации, може да влијаат на раст надвор од четирите агли во кои се наоѓа вашиот бизнис. Можности секогаш постојат, дури и во тешки околности.

Недостаток на одредишта

Одредиштата ни кажуваат дека се движиме во правата насока. Неуспешните бизниси нема да идентификуваат како “изгледаат” успешните и нема да креираат мерка за да го измерат нивниот успех. Растот и профитабилноста сами по себе не се оддржливи без одредишта.

Кога го планираме тоа што го сакаме, ќе стигнеме таму многу побрзо. За да се постават одредишта, прво треба да идентификуваме што сакаме да биде компанија за пет години, врз основа на индикатори врзани за управувачите кои создаваат вредност. Потоа се работи наназад до денешен ден вреднуваќи ги важните чекори и достигнувања што се случиле низ времето.

Конечно, истакнато прикажувајте и реално прославувајте го одредиштето како што стигнувате до него.

Недостаток на лидерство

Откако лидерските тимови напорно ќе изработат за да се видат фактите, ќе го ангажираат клучниот персонал, ќе постават одредишта, тие треба да се надоврзат со ревреднувањето на нивните планови на регуларна основа. Неуспешните компании често ја притискаат реевалуацијата ниско на листата со обврски.

Можеби вашата жестоко развиена стратегија не функционира. Или можеби се се случува според планот, но сепак нешто не е во ред. Во секој случај треба да се преиспита планот и да се направат сите потребни промени за да се вратиме на вистинскиот пат. Еден од нашите омилени цитати на Стив Џобс за задоволството од работа, може да биде предложен и за бизнис стратегија: “Ако денес е последниот ден од мојот живот, дали би сакал да го правам тоа што го правам денес? И доколку одговорот е “не” неколку дена со ред, знам дека треба да се промени нешто. ”

Неуспешните бизниси не треба да бидат секогаш на работ на пропаѓање или неуспех. Неуспешен бизнис може да дејствува номинално, но да испушта голем дел од пазарниот потенцијал.

Со континуирано решавање на променливите околности, креирање на одредишта, и вршење на сеопфатно вреднување, вашиот тим ќе достигне повеќе од својот потенцијал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП