19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ10 знаци дека на вашиот организам му недостасува железо

10 знаци дека на вашиот организам му недостасува железо

Нашето тело често испраќа сигнали кои би требало внимателно да ги следиме. Еве неколку показатели дека на вашето тело му е потребно железо…

Околу 10 проценти од жените страдаат од недостаток на железо во организмот, а најмногу се погодени оние кои физички се многу активни и живеат забрзано. Ви претставуваме 10 најчести симптоми дека на вашиот организам му недостасува овој важен минерал:

1. Замор

Телото го користи железото за да произведе хемоглобин кој се наоѓа во црвените крвни зрнца, а кои ги пренесува кислородот. Недостатокот на кислород во крвта доведува до постојан замор.

2. Лоша концентрација

Ако забележите дека вашата концентрација е изразено лоша и тешко функционира пред бројните обврски причината за тоа може да биде недостатокот на железо.

3. Апатија

Апатијата кон се – семејството, пријателите, работата или омиленото хоби исто така може да биде предизвикана од недостатокот на железо во организмот. Ако забележите дека вашето расположение се променило и дека не ви се обавуваат вообичаените работи проверете ја крвната слика.

4. Задишаност

Ако при одењето, физичките активности или обавувањето на домашните работи многу брзо и нагло останувате без воздух причина може да биде недостатокот на овој важен минерал. Станува збор за кислородот кој му е потребен на вашето тело, а не го добива во доволни количини.

5. Бледило на кожата

Бледата и проѕирна кожа може да биде показател за недостатокот на железо што никако не е добар знак. Бледилото на кожата е предизвикано од слабата циркулација на крвта, како и со намалената боја на црвените крвни зрнца.

6. Намалување на енергијата и кондицијата

Ако сте личност која редовно применува физичка активност сигурно ќе забележите кога вашите вообичаени вежби ќе станат пренапорни и неизводливи. Недостатокот на железо ја намалува физичката способност и издржливоста на организмот.

7. Болки во мускулите

Ако по тренирањето или подолгото одење секој пат чувствувате силни болки во мускулите, а не сте правеле ништо посебно освен она што вообичаено го работите, тоа може да е знак од телото дека му недостасува железо. Таквата состојба го забавува закрепнувањето на мускулите.

8. Кршливи нокти

Ако вашите нокти не се цврсти како претходно, односно започнале лесно да се кршат, постои можност тоа да е последица од недостатокот на железо.

9. Чести болести

Ако речиси цела зима сте ја поминале со настинки и воспаленија, а особено ако страдате од болести на дишните патишта, причина може да биде ниското ниво на железо во организмот.

10. Боја на урината

Доколку при мокрењето забележите значителна промена на бојата на урината време е да побарате помош. Поради недосатокот на железо таа може да стане розева па дури и со црвена боја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП