26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо израснал во сиромаштија, немал пари ниту за хамбургер

Роналдо израснал во сиромаштија, немал пари ниту за хамбургер

Кристијано Роналдо во понеделникот објави дека му починал новородениот син, а поради трагедијата, фудбалерот го пропушти синоќешниот натпревар на Манчестер со Ливерпул. Неговата партнерка Георгина и тој се уништени од загубата на синот близнак, но како што напишаа во соопштението за медиумите, раѓањето на ќерката им дава сила.

Португалскиот фудбалер има пет деца, а откако стана татко, не крие дека се труди на своите деца да им овозможи детство што тој го немал.

Роналдо денес е еден од најдобрите и најбогати фудбалери во светот. Дојде на врвот на светот од дното. Израснал во екстремна сиромаштија со татко алкохоличар, со кој никогаш не успеал да воспостави близок однос.

Роналдо во една пригода му призна на новинарот Пирс Морган дека никогаш не бил близок со татка си. „Никогаш не бевме блиски. Многу често беше пијан. Никогаш не разговарав со него. Беше тешко“.

Фудбалската ѕвезда во таа пригода изјави дека како момче просел хамбургери од „Мекдоналд“. Ова се случувало во раните 2000 години кога Роналдо играше во младинските екипи на Спортинг Лисабон.

„Бевме гладни. Имаше ‘Мекдоналд’ покрај стадионот, тропавме на задната врата и прашувавме дали им останал некој хамбургер“, рече Роналдо и додаде дека би сакал да ги најде луѓето што му давале хамбургери, да ги покани кај него дома на вечера и да им се заблагодари.

Роналдо, според некои податоци, денес тежи милијарда фунти.

Во една пригода го однел својот најстар син во старата семејна куќа. Момчето било изненадено од собата во која пораснал татко му. Роналдо подоцна вложил неколку милиони фунти и старата куќа ја претворил во вила на седум ката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП