2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНекоја храна не подмладува, а оваа го забрзува стареењето

Некоја храна не подмладува, а оваа го забрзува стареењето

Познато е дека храната богата со шеќер и сол е опасна за витката линија, но благодарение на неа не трпи само вашата линија. Оваа храна може да го забрза и процесот на стареење повеќе отколку што мислите.

Сузи Барел, австралиски диететичар и основач на „Shape me“, вели дека некои намирници повеќе од било кога допринесуваат за стареење на кожата.

„Општо правило е дека храната со високо гликемиско оптеретување ги зголемува воспалителните процеси во телото со текот на време, додека исхрана богата со сол ги задржува течностите и го зголемува притисокот на голем број системи во телото“, вели Барел.

Еве која храна доведува до оштетување на клетките и видливи физички знаци на стареење:

СУПА ОД КЕСА

72740_profimedia0198641578_630x0

Преполовеното време за припрема всушност значи и дека тие имаат само половина од нутритивната вредност.

„Со повеќе од 800 до 1000 мг натриум по кесичка, веројатноста оваа супа да ве направи подуени и да ја задржи течноста во вас е голема“, вели Барел.

Маринади, сосови, житарки, плескавици со соја или зеленчук, замрзнато овошје и пилешки гради се исто така намирници со висока содржина на натриум.

ОВОШНИ СОКОВИ

11477_WEB_1000px_shutterstock_58423216_630x0

Една чаша купечки сок не изгледа дека може да направи многу штета, но содржината на шеќер во таа една чаша е далеку поголема од тоа што на многумина им се чини.

„Не само што овошниот сок ја нагризува забната глеѓ, туку и со повеќе од 6 лажички шеќер по чаша, сокот ќе го подигне нивото на инсулин, а високото ниво на инсулин е поврзано за воспаленијата и дебелеењето“, вели Сузи.

Покрај тоа, вашите заби исто така ќе бидат оштетени.

ПРЖЕНА И МАСНА ХРАНА

93670_profimedia0208410959-przena-hrana_630x0

Масната, пржена храна е омилен ручек по долгиот ден или ноќ. Но, не е новост дека овие намирници имаат мала хранлива вредност, туку дека нивниот допринос во стареење е значаен.

„Не само што вашата омилена пржена храна е преполна со сол, туку содржи и транс масти кои се врзани за оштетувањето на клетките“, истакнува Барел.

Транс мастите исто така ја зголемуваат чувствителноста на УВ зраците, причина број еден поради која доаѓа до забрзано стареење.

Храна и пијалоци кои можат да помогнат да го запрете стареењето:

Црвено вино: Во него се наоѓа посебен антиоксиданс наречен ресвератрол кој ги намалува шансите од добивање на рак и ги штити клетките од прерано стареење.

Овошје и зеленчук: Преполни се со антиоксиданси кои можат да го спречат оштетувањето на клетките. Намирниците кои содржат витамин Ц, цинк или бета каротен спречуваат оштетување на видот и помагаат кошата да остане млада подолго.

Интегрални житарици: Интегралната храна е богата со влакна кои ги чуваат крвните садови и ја намалуваат шансата за дијабетес тип 2.

Масна риба: Омега 3 масните киселини го штитат вашето срце и крвните садови но и ги намалуваат шансите за појава на Алцхајмерова болест. Се препорачува масна риба како лосос и туна.

Млеко: Познато е дека калциумот ги штити коските и спречува појава на остеопороза.

Ореви: Експертите советуваат грицките да ги замените со некој вид на јаткасти плодови, кои содржат здрави масти бидеји тие можат да го намалат ризикот од висок крвен притисок и висок холестерол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП