1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRF22 на Bulleta Motors

RF22 на Bulleta Motors

raptorr

Тјунерската куќа „Bulleta Motors“ го претстави нивниот спортски автомобил „RF22“. Наречен по „Lockheed Martin F-22 Raptor“, „RF22“ е базиран врз основа на моделот „Lotus Evora“ и поседува единствена композитна каросерија која ја дизајнираше Самир Садиков.

raptorr1

Овој дизајнер е познат по тоа што претходно работеше на концептите „Aston Martin DBC“ и „Cadillac C-Ville“. Покрај тоа што овој модел е веднаш препознатлив како „Evora“ го одликува истакнатиот преден дел со би-ксеноснки светла и преден спојлер.

„RF22“ исто така го карактеризира и атрактивниот заден дел со истакнат дифузор и централно поставениот двоен издувен систем.

raptorr2

За моќта на ова возило е задолжен 3.5L V6 мотор со супер полнач кој развива 505ks и 555Nm вртежен момент, што на овој автомобил му овозможува забрзувањето од 0 дo 100km/h да го постигне за само 3.6 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП