28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако ќе го купува земјава рускиот гас во рубљи?

Како ќе го купува земјава рускиот гас во рубљи?

Познавачите на оваа проблематика, велат дека земјите увозници на руски гас, сега ќе мора да најдат начин истиот да го купуваат во рубљи. Но, како тоа ќе може да го направи нашатат држава, која оваа валута ја нема ниту во курсната листа?

-Република Северна Македонија како купувач сега е обврзана да префрли девизи на една посебна, таканаречена „Т“, сметка кај заемодавачот, во овој случај некоја банка во Русија, како „Газпромбанк“ ќе треба да купи рубљи во име на купувачот на гас за да ги префрли рубљите на друга посебна сметка „М“, за да се реализира трансакцијата. Оваа руска банка, не треба да е вклучена во наредбата на ЕУ за исклучување од системот SWIFT. За жал, ние како држава имаме фиксен девизен курс и за да го задржиме тој фиксен курс, инвестираме многу пари. Ние плаќаме трансакции со долари и веќе имаме и така претежок систем на конвертирање на валути, вели за “Денар”, Универзитетскиот професор, Абил Бауш. 

Смета дека би било добро земјава да почне  да бара и нов стратешки партнер за снабдување или со природен или со течен гас, кој треба да дојде од САД. Македонија е 100 проценти зависна од рускиот гас. Европа пак, увезува големи количини руски природен гас за загревање на домовите, производство на електрична енергија и за индустријата за гориво, а тој увоз продолжи и покрај војната во Украина. Околу 60 отсто од увозот на руски гас се плаќа во евра, а остатокот во долари.  

-Путин сака да го промени тоа, со тоа што ќе бара од странските увозници на гас да купуваат рубљи и да ги користат за плаќање на државниот снабдувач Гаспром. Русија во моментот прави ужасни економски потези, затоа што од една страна би било поевтино за странските увозници да го платат извозот на Русија во валута која пропаѓа по својата вредност, но од друга страна тешко е да се набават рубљи и да се извршат плаќања на начин со кој ќе се избегнат санкциите. Ова значи дека со овој потег би можело дополнително да се нарушат глобалните енергетски пазари со влошување на снабдувањето, а сето тоа би можело да доведе до нови скокови на цените. Сепак, мислам дека Русија и Европа на крајот ќе најдат модел со кој ќе се плаќа природниот гас и дека многу бргу, ќе ја надминат оваа тешка ситуација зошто и двете страни ако продолжат вака ќе излезат големи губутници, додава Бауш.

Русија пред извесно време донесе одлука, купувањето на гасот да се плаќа исклучиво во рубљи, а не со долари или евра. Некои светски аналитичари сметаат дека со ваквата одлука на Москва, може да се наметне уште една светска  валута, но дека досегашниот долар и евро, нема да ја загубат својата доминантна улога што ја имаат на пазарот.

По ваквата одлука на Путин, земјите во ЕУ со поделено мислење. Меѓу оние кои се изјаснија е Бугарија. Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер, Лена Бориславова, изјави дека ставот не само на Бугарија, туку и на поголем дел од Европа е дека нема да се подлегне на уцени и нема да се прекрши потпишаниот договор во кој јасно е наведнео дека исплатата не треба да се врши во руски рубљи, туку во друга валута. Од друга страна пак, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, смета дека нема да се соочи со потешкотии ако треба рускиот гас да го купува во рубљи. На ист став се и Словачка и Летонија. 

Цената на гасот на светските берзи и натаму урива рекорди. Познавачите не очекуваат дека во најскоро време, ќе има стабилизација на цената. Но, надежите се дека за руско-украинската криза ќе се најде решение за да може светот полека да се врати на старите патеки, а економиите на државите да излезат од оваа неизвесност  и полека да почнат да се опоравуваат. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП