28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLoreal ги откупува своите акции од Nestle

Loreal ги откупува своите акции од Nestle

loreal1

Француската козметичка куќа „Loreal“ одлучи да застане во одбрана на независноста, најавувајќи откуп на 29,3 проценти од својот капитал кој е во сопственост на компанијата „Nestle“ од 1974 година.

Како што пренесува францускиот весник „Еко“, „Loreal“ е подготвен да обезбеди средства за акциите во сопственост на „Nestle“ вредни 22 милијарди евра.

Од 20 април наредната година швајцарската компанија ќе биде во можност да го отстапи својот удел во „Loreal“.

Семејството Бетанкур кое поседува 30,5 проценти од капиталот на „Loreal“ одлучно ги демантираше гласините за евентуалната продажба на акции на компанијата „Nestle“, потврдувајќи ја својата поврзаност со француската козметичка куќа.

Со тоа, практично е исклучена секоја можност швајцарската компанија да стане мнозински сопственик на „Loreal“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП