29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБилка која го штити мозокот

Билка која го штити мозокот

Рузмаринот не е само зачинска билка која им дава посебен вкус на јадењата, туку и го штити мозокот.

Неговата активна супстанца корнозик ацид го штити мозокот од шлог и невродегенерација, настанати поради оштетувањата кои ги предзвикуваат слободните радикали.

Алцхајмеровата болест е едно од најпознатите невродегенеративни заболувања која е условена од штетното делување на слободните радикали, истакнаа научниците на истражувачкиот центар во Лос Анџелес и Јапонија.

Во експериментите кои ги извеле докторите Такуми Сатоха во Јапонија и Стјуарт Липтон во Лос Анџелес се покажало дека корнозик ацид станува активен под влијание на слободните радикали, не напаѓајќи ги невроните, така што невроните остануваат зачувани.

На тој начин тој ја презема улогата на активен лек, а не предизвикува никакви несакани ефекти. Делува преку механизмот наречен редокс хемиска реакција, каде електроните се префрлуваат од една молекула на друга за да го активираат имунолошкиот одговор на организмот.

Во ова истражување можеби е најважно дека евентуално новите невролошки лекови со лековити соостојки од рузмарин, би биле апсолутно корисни за луѓето, порачуваат научниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП