27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПремалку сол е штетно колку и премногу

Премалку сол е штетно колку и премногу

Познато е дека преголемото внесување сол во организмот е поврзано со зголемениот крвен притисок и зголемен ризик за срцеви проблеми, но според студијата на канадските научници објавена во специјализираното списание Lancet, и премалку сол, исто така, е штетно.

Научниците наведуваа дека недоволното внесување сол во организмот, во споредба со просечните вредности на внесување, може исто така да ги зголеми ризиците од срцев и мозочен удар.

Научниците ги анализирале податоците за повеќе од 130.000 луѓе од 49 земји во светот и го споредиле нивното внесување на сол со стапката на срцеви и мозочни удари. Утврдиле дека таа е поголема меѓу луѓето кои внесувале премалку сол, кои тие го дефинираат на помалку од три грама дневно, што и околу едно лажиче за кафе.

Водечкиот автор на студијата, Ендрју Менте, од медицинскиот факултет на Универзитетот МекМасер во Канада препорачува единствено лицата со висок крвен притисок да го намалат внесувањето сол во крвта.

Препорачаната дневна доза сол варира од земја до земја. Во САД таа изнесува, 2,3 грама дневно, во Велика Британија не се препорачува во повеќе од 6 грама дневно, а во Македонија важат препораките на Светската здравствена организација (СЗО) дневното внесување сол за здрав возрасен човек изнесува околу 5 грама (една лажичка), а максималниот е ограничен на 6 грама сол на ден.

Менте во студијата сугерира дека некои препораки се прениски и додава дека заклучоците на неговиот тим се „извонредно важни“ за поединците со висок крвен притисок.

„Нашите податоци ја нагласуваат важноста од редуцирање на внесување сол кај луѓе кои патат од хипертензија, но не го поткрепува намалувањето на внесувањето на прениски нивоа“, забележува канадскиот стручњак.

„Нашата анализа ги доведува во прашање постојните препораки кои одат кон премало внесување сол во општата популација. Умерената употреба на солта е многу подобра“, вели друг автор на студијата, Мартин О’Донел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП