21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТТрамп: Се влошува физичкото и менталното здравје на Бајден

Трамп: Се влошува физичкото и менталното здравје на Бајден

Физичкото и менталното здравје на американскиот претседател Џозеф Бајден се влошува, како и состојбата на целата земја, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Не можеме ништо да направиме за да го запреме менталниот и физичкиот пад на Џо Бајден. Со вашиот глас во ноември можеме да го запреме падот на нашата земја“, им рече Трамп на приврзаниците на митингот во американската сојузна држава Мичиген.

Соединетите држави не се најзагрозени од Русија или Кина, туку од сегашната влада, рече Трамп.

„Имаме претседател кој нема поим што се случува, нема поим што прави или збори. Претседателските избори беа наместени и украдени, и затоа земјата се уништува“, пишува Блумберг.

Според Трамп, оваа ситуација е најсериозната закана за земјата. Трамп, исто така, посочи дека САД се на работ на „економски кошмар“.

На 27 март, на собирот на поддржувачи во Комерц, Џорџија, Трамп ја прекори сегашната администрација на Белата куќа за ситуацијата околу Украина и го нарече Бајден „убиецот на американскиот сон“ и рече дека како резултат на деструктивната политика на Бајден, земјата оди во пеколот.

Среднорочните избори за американскиот Конгрес ќе се одржат во ноември, а ќе бидат избрани сите 435 членови на Претставничкиот дом и 35 од 100-те места во Сенатот, јави ТАСС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП