29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе го удри ли владата „сатарот“ на капиталните проекти?! За два месеци...

Ќе го удри ли владата „сатарот“ на капиталните проекти?! За два месеци реализирани само 8 % од капиталните расходи – најголем дел од институциите имаат 0% реализација

Ќе го удри ли владата „сатарот“ на капиталните проекти?! За два месеци се реализирани само  8 % од капиталните расходи. Најголем дел од институциите имаат 0% реализација. Така заклучно со февруари годинава институциите успеале да потрошат само 50 милиони од дури 633 милиони евра предвидени да се потрошат до крајот на годината за капитални проекти- или тоа е вкупна реализација од 7,91%. Министерот за фианансии Фатмир Бесими, најави дека се спрема ребаланс на буџетот и кажа дека поради економската криза предизвикана од руската инвазија на Украина ќе се кратат парите за капитални проекти, онаму каде што проектите не се отпочнати или каде има слаби шанси да се реализираат парите до крајот на годината.

Статистиката покажува дека најголем дел од институциите имаат 0% реаллизација. Тука се Претседателот на државата, Агенцијата за разузнавање, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државната изборна комисија, Секретаријатот за законодавство, Агенцијата за управување со одземен имот, Инспекцискиот совет, Управата за финансиска полиција, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за транспорт, Државниот инспекторат за труд, потоа Државен управен инспекторат, Државен просветен инспекторат, Агенција за млади и спорт, Народен правобранител, Совет на јавни обвинители, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, како и Агенцијата за вработување и Фондот за пензиско осигурување. Овие и уште некои други државни институции имаат чиста 0 во реализацијата на капиталните проекти, или не потрошиле ниту денар од парите предвидени за годинава.

Има такви кои потрошиле ситно до 1 или 5 проценти. Тука се Собранието со 0,06 % кое потрошпило само 1.141 евро од планираните над 1,9 милиони евра за годинава. Министерството за одбрана со само 0,06 % или реализирало само 58.445 евра од планираните над 93,2 милиони евра. Министерството за надворешни работи со 0,16 проценти реализација или потрошило само 4.000 евра од планините над 2,4 милиони евра за годинава. Управата за јавни приходи со 0,12%  или само 4.221 евра од планираните 3,4 милиони евра, Министерството за економија со 0,05 % реализација, со потрошени 6.703 евра од дури 13,7 милиони евра кои требало да ги потроши на капиотални проекти годинава. Потоа Министерството за транспорт со само 1,3 проценти реализација или нешто над 2,2 милиони евра од вкупно 173 милиони евра колку што требало да потроши годинава. Слаба реализација има и Министерството за земјоделство од 0,12% или потрошило 29.598 евра од планираните над 25 милиони евра. Министерството за труд со 2,89% или 394.707 евра од планираните за трошење 13,6 милиони евра. Министерството за образование има 2,38% реализација или потрошило само 860.190 евра од дури над 36 милиони евра колку што требало да потроши за капитални проекти до крајот на годината.

Оперативно-техничката агенција ОТА реализирала 4,61% или потрошила 193.266 евра од предвидените речиси 4,2 милиони евра за капиотални проекти. Службата за општи и заенички работи на Владата со 4,99% или 230.083 евра од планираните над 4,6 милиони евра.

Убедливо највисока релизација на капиталните расходи има Владата, од неверојатни 75,91%. Потрошила речиси 21 милион евра од планираните 27,5 милиони евра за годинава за капитални проекти. Министерството за финансии- функции на државата има 29,03% реализација или за два месеци  се потрошени 17,9 милиони евра од предвидените 61,6 милиони евра за годинава. Министерството за внатрешни работи има над просекот за двата месеци или 10,36% реализација, потрошило 1,7 милиони евра од планираните 16,4 милиони евра. Јавното обвинителство со 25,55% реализација или 70.627 евра од планираните 276.422 евра. Агенцијата за администрација има 22,18% реализација или реализирала речиси 13.00 евра од планираните 58.536 евра. Министерството за здравство со 7,28% или потрошени се за два месеци 1,5 милиони евра од планираните 20,8 милиони евра за капитални инвестиции за годинава.

Праксата во минатото покажа дека први при прекројувањето на државната каса страдаат парите наменети за капитални инвестиции. Капиталните проекти  се расходите на буџетските корисници наменети за трајни добра како патишта, училишта, болници, водоводи, студентски домови, спортски објекти, апарати за здравството, опрема хардвер, софтвер итн. Нивната реализација е важна бидејќи креираат подобри услуги за граѓаните и придонесуваат за развој на економијата. Експертите постојано алармираат дека капиталните инвестиции се клучот за развој на државата и бараат тие да не се кратат први кога се прават ребаланси на државната каса. Владата пак за годинава испланира рекордни 633 милиони евра за капитални проекти.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП