28 април, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа за EUR/USD 30.08.2013

Техничка анализа за EUR/USD 30.08.2013

Силен пробив на цената на валутниот пар EUR/USD испод триаголната формација во која цената беше заглавена речиси две недели.

После подолги консолидации на цената на EUR/USD помеѓу 1,3320 и 1,3440 цената врз основа на паничните моменти со кризата во Сирија и ослабените економски податоци во еврозоната наиде на посилен пад и пробив под претходниот канал и моментално се консолидира во надолна формација при цена од 1,3245.

Графичкиот приказ е истиот од пред два дена и засега се се одвива според анализите. Доколку цената продолжи да паѓа најверојатно ќе се спушти до следното ниво на поддршка при Фибоначиевото ниво 127% или на цена од 1,3140.

Евентуално доколку имаме корекција и нагорnо движење во лондонската сесија цената би требело да се корегира до 1,3298 од каде повторно би се спуштила до вчерашната најниска точка на цена 1,3220.

На Форекс берзата доколку сте продале EUR/USD од повисокото ниво околу цена 1,3420 со големина од 1 Лот во моментов при цена 1,3240 профитот би изнесувал 1800 долари или 180 пипа ( 1 Лот за движење од 1 Пип = 10 долари). Доколку цената се спушти до 1,3140 според нашата анализа профитот на вашата сметка би изнесувал 2800 долари.

eurusdh4_30

Ваш најдобар брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП