29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија ја победи Италија со „бомбата“ на Трајковски и ќе игра за...

Македонија ја победи Италија со „бомбата“ на Трајковски и ќе игра за СП (Видео)

Александар Трајковски постигна златен гол за Македонија и погоди за победа на гостувањето во Палермо кај актуелниот европски шампион, Италија.

Македонската одбрана беше на висината на задачата иако во текот на целиот натпревар Италијанците ја имаа иницијативата и постојано напаѓаа.

Сепак, во судиското продолжение пред крајот на натпреварот (92. минута), нашиот напаѓач со прекрасен удар од далечина го матираше голманот Џанлуиџи Донарума и предизвика молк меѓу италијанската публика на стадионот „Ренцо Барбера“.

Македонија ќе игра во вторник во Порто против Португалија во финалето на плеј-офот за пласман на Светско првенство и само еден чекор ја дели од место во Катар. Репрезентацијата предводена од, за многумина, најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо во вториот бараж од истата група ја совлада Турција со 3:1.

За дуелот на „Драгао“ ќе бидеме посилни за Костадинов и Елмас, а селекторот Милевски може да повика и нови фудбалери.

Погледнете како нашите фудбалски херои ја преславија победата против Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП