26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNiro е новата студија на Kia

Niro е новата студија на Kia

kia niro

„Kia“ го откри изгледот на својот нов концепт кој ќе има премиера веќе следниот месец во Франкфурт.

Сега е сигурно дека годинешниот франкфуртски авто-саем ќе донесе доста возбудувања. Покрај бројните нови  модели посетителите ќе имаат можност да видат и некои многу интересни концептни возила. Еден од таквите и е „Kia Niro“.

kia niro1

Корејскиот производител вели дека овој концепт ја претставува нивната визија на урбан компактен автомобил со стил.

„Kia Niro“ го најавува пробивот на компанијата на пазарот на мали градски кросовер автомобили кој во последните неколку години нагло се шири и во кој владее се поголема конкуренција. Станува збор за моделите како што се „Nissan Juke“, „Opel Mokka“, „Peugeot 2008“, „Renault Captur“…

kia niro2

Комплетниот дизајн на овој концепт на „Kiа“ го изработни тимот од нивното европско студио во Франкфурт кој го предводи главниот дизајнер, Грегори Гуилауме, а автомобилот беше дизајниран за еден ден да им биде понуден на европските купувачи.

Со оглед дека станува збор за концептно возило, дизајнерите имаа поголема слобода, што се гледа и по вертикалното отворање на вратите, големите тркала и особено внатрешноста на автомобилот. Сепак идната сериска верзија би можела да ги задржи основните стилски елементи и линиите на каросеријата.

kia niro3

Од „Kia“ не ги соопштија деталите за погонот, но беше објавено дека автомобилот ќе добие во целост нов мотор. Се шпекулира дека станува збор за хибриден погонски систем.

Повеќе детали можеме да очекуваме некаде на половината на септември кога се оддржува авто-саемот во Франкфурт.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП