24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКулушевски: Македонија е многу важна за мене и моето семејство

Кулушевски: Македонија е многу важна за мене и моето семејство

Фудбалерот на Тотенхем, Дејан Кулушевски неодамна предизвика лоши реакции во македонската јавност откако одби да даде интервју на македонски јазик за „Спортклуб“, по што беше претставуван како „предавник“ и човек кој го заборавил своето потекло.

Сега, во интервју за „Гардијан“, Кулушевски дава поинаква слика на тоа колку се чувствува како Македонец. Таткото на Кулушески, Стефан, иако Македонец по потекло е роден во Шведска, додека неговата мајка, Катица е родена во Македонија и се преселила во Шведска како возрасна. Тој играше за македонските младински репрезентации, пред да реши да настапува за Шведска.

Зборувајќи за влијанието кое го имал Златан Ибрахимовиќ, уште еден шведски фудбалер со балкански корени (татко му е Бошњак, а мајка му Хрватка), Кулушевски се отвори за односите со Македонија.

„Златан отвори толку можности за нас во Шведска, што не можете да замислите. Тој помогна на сите деца кои се аутсајдери, кои немаат шведско потекло дека работите се можни. Кога почна да ме споменува, бев среќен како дете на Божиќ. За мене и моето семејство, Македонија е многу важна. Како што вели мојата мајка, никогаш нема да заборавиме од каде доаѓаме. Одам таму секое лето и уживам. Секогаш велев дека ако можам би играл и за Шведска и за Македонија. Но, морав да изберам и ја избрав Шведска, бидејќи сум од таму“, вели Кулушевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП