
Македонската компанија „Алкалоид“ ќе пласира два свои лека на пазарите на земјите на Европската Унија.


Македонската компанија „Алкалоид“ ќе пласира два свои лека на пазарите на земјите на Европската Унија.
Како што соопшти компанијата, одобрението е добиена за „Метадон“ со дозвола за 11 земји и Цефиксим, познат во земјава како Панцеф со дозвола за 12 земји.
Со ова „Алкалоид“ ги направи и првите регистрации на пазарите во Италија и во Шпанија.
– Постапките за добивање на авторизациите за пласман на овие лекови се спроведени според најстрого регулираните процедури на Европската Унија, како што е Европската децентрализирана процедура, под водство на Агенцијата за лекови на Англија, како референтна држава, почитувајќи ги и националните специфики на другите земји вклучени во регулаторната постапка, како што се Германија, Полска, Шпанија, Австрија, Португалија, Италија, Чешка, Словачка, Романија и Унгарија, соопшти компанијата.
Антибиотикот Цефиксим (Панцеф), покрај во претходно споменатите земји, доби дозвола за пласман и на пазарот во Франција.