26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралните банкари и невозможната равенка на инфлацијата (ИНФОГРАФИК)

Централните банкари и невозможната равенка на инфлацијата (ИНФОГРАФИК)

Централните банкари имаат многу проблеми за решавање, а инфлацијата е само еден од нив и се чини дека ќе биде најтешко да се надмине.

Регулаторите ширум светот се исправени пред решението на невозможната равенка на инфлацијата, во која од една страна вредноста е еднаква на 2%, а од друга е повеќе од три пати над овие 2% и повеќе.

Повеќето од големите централни банки во светот – вклучувајќи ги Европската централна банка (ЕЦБ), Федералните резерви на САД, Банката на Англија, Банката на Јапонија и многу други) имаат цел на инфлација од 2%.

Избувнувањето на пандемијата, последователните стимулации на пандемијата кои ги зголемија парите во оптек и континуираните проблеми со синџирите на снабдување значително ја попречија задачата на банкарите да ја постигнат својата цел за инфлација.

Од минатиот месец, војната во Украина придонесе за ваквата слика, зголемувајќи ја неизвесноста на различни пазари, покачувајќи ги цените на многу стоки, од пченицата до никелот и природниот гас и ги туркаа цените на суровата нафта на рекордно високи нивоа.

Сепак, рекордните вредности не се однесуваат само на „црното злато“. Податоците од минатата недела покажаа дека инфлацијата во САД достигна ново 40-годишно ниво. Растот на цените во еврозоната забрза четврти месец по ред во февруари, а во некои европски земји инфлацијата достигна повеќегодишни врвови.

Овие податоци го затемнуваат расположението меѓу инвеститорите на финансиските пазари. Минатиот петок, „Dow Jones Industrial Average“ забележа петта последователна недела на загуби, откако инвеститорите останаа претпазливи за војната меѓу Русија и Украина. „S&P“ и „Nasdaq“, исто така, паднаа, забележувајќи втора недела по ред.

Берзите во азиско-пацифичкиот регион, исто така, станаа „црвени“ откако јапонскиот репер „Nikkei 225“ доведе до пад од 2,05 отсто, повлечен од акциите на јапонскиот конгломерат „SoftBank Group“, кој загуби повеќе од 6 отсто од својата вредност.

Се чини дека инфлацијата е водечки проблем за банките. Затоа, на состанокот минатата недела, ЕЦБ одлучи да го забрза прекинот на старата програма за купување на „АПП“ обврзници, но со овој потег сепак остави доза на флексибилност.

Решавањето на равенката на инфлацијата бара деликатна интервенција на централните банкари, што истовремено ја забавува инфлацијата, но не го попречува економското закрепнување и раст.

Во наредните денови ќе видиме како ќе реагираат другите големи централни банки и дали ќе успеат да ја решат невозможната равенка на инфлација.

Во среда американската централна банка ќе одлучува за каматната стапка. Масовни очекувања се каматната стапка да се зголеми за 25 базични поени, што ќе биде прво зголемување на показателот од 2018-та година. Сепак, гувернерот Џером Пауел допрва треба да им објасни на пазарите колку агресивно ќе биде заострувањето на монетарната политика и како ќе се намали рекордниот биланс на банката.

„Постои многу поголема несигурност од вообичаено за курсот на политиката на ФЕД во услови на силни контраструи“, рече шефот на истражувањето за глобалната монетарна политика во „Piper Sandler & Co.“, Роберто Перли, цитиран од „Bloomberg“. Според него, ФЕД ќе остане претпазлива и повеќе налик на „гулаб“ од вообичаеното.

И додека ФЕД очекува ова да биде почеток на циклус на зголемувања на каматните стапки, економистите веруваат дека Банката на Англија ќе ја продолжи серијата на зголемувања во четврток, кога ќе се одржи состанокот на финансиската институција. Банката се предвидува да ги зголеми каматните стапки за 25 базични поени на ниво од 0,75 отсто, што би било трето последователно зголемување или невидена стапка на заострување во овој век. Пазарите очекуваат централните банкари да навестат за дополнителни зголемувања, додека инвеститорите веруваат дека каматните стапки би можеле да достигнат 2% до крајот на годината.

„Очекуваме темпото на затегнување по овој месец да биде ограничено поради стравувањата од економското влијание на војната во Украина. Ризикот за нашата прогноза е дека високата инфлација ја загрижува АЦБ“, рече високиот економист Ден Хансон, цитиран од „Bloomberg“.

Турската централна банка, исто така, ќе одлучи за својата монетарна политика во четврток, но се очекува банкарите да не ги менуваат каматните стапки. Вакви се прогнозите за јапонскиот регулатор, кој е аутсајдер меѓу банките и се бори со ниската инфлација.

Во текот на неделата се очекуваат повеќе податоци кои ќе покажат колку поскапеле, дали е затегнат пазарот на труд и што се случи со светската економија во вториот месец од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП