1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛекува се, од срце до слаба коса: Ретко кој го јаде, а...

Лекува се, од срце до слаба коса: Ретко кој го јаде, а докажано е дека е најздравото растение на светот

Ова растение содржи повеќе железо од спанаќот и повеќе витамин Ц од некои агруми.

Го запира и намалува оксидативниот стрес, ја прочистува крвта, го поттикнува апетитот, го чисти телото од токсини – ова се само дел од придобивките на ова моќно растение.

Поточарка е често заборавено растение за кое експертите веруваат дека е најздравото во светот. Ова е зеленчук кој содржи многу есенцијални витамини и минерали како што е железото. Според истражувањата, ова растение содржи повеќе железо од спанаќот и повеќе витамин Ц од некои агруми.

Покрај овие хранливи материи, поточарката има и бројни здравствени придобивки. Имено, според едно неодамнешно истражување, поточарката покажа дека го запира и го намалува оксидативниот стрес, како и ја прочистува крвта, го поттикнува апетитот и го чисти телото од токсини.

Многу луѓе пијат сок од поточарка многу често, а се препорачува да се пие разредена со вода во сооднос 1:5.

Препорачаната доза е една чаша на неколку дена, не повеќе од тоа, бидејќи може да се појават несакани ефекти. Сокот од поточарка може да се нанесува локално (надворешно) при третман на секаков тип на кожа и коса.

Направете го сокот така што ќе прелиете во блендер околу половина чаша 0,2 l вода и ќе го исечете споменатото растение во количина од околу 100 г, а потоа сè соединете.

Потоа добиената маса процедете ја низ газа. Така се добива сокот од ова растение. Само втријте го сокот на погодените места или употребете го во форма на облога и конечно ќе го решите проблемот со опаѓање на косата и многу проблеми со кожата.

Искршените листови од ова растение можете да ги користите и со неколку капки медицински алкохол за облога од поточарка, а потоа смесата да ја нанесете на погодените места и да ја завиткате со завој.

Оставете ја облогата да делува неколку часа, а потоа отстранете ја и исплакнете ја областа со ладна вода. Исто така, сокот од поточарка може да го запре растот на туморите и метастазите, а некои експерти тврдат дека има моќ да спречи бројни кардиоваскуларни проблеми и да го запре ширењето на ракот на дојката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП