27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот S-Max подготвен за премиера

Концептот S-Max подготвен за премиера

ford smax

Концептот со кој Форд ја најавува втората генерација на моделот „S-MAX“, го превзема новиот коропоративен изглед на автомобилите на овој производител.

Со оглед дека првиот „S-MAX“ излезе во далечната 2006-та година, логично е Форд да подготвува негов наследник. Сепак пред сериската верзија одлучено е на идните купувачите на им подготват нов дизајн кој ќе го претстават преку концептно возило.

ford smax1

На тој начин на Форд им се нуди можност на основа на повратните информации и на реакциите на јавноста евентуално да корегира некои детали на новиот „S-MAX“ кој би требало во продажба да се појави во 2014-та година.

Благодарејќи на дизајнот на маската на ладилникот кој компанијата го форсира на сите свои нови модели, автомобилите на Форд, барем засега сите личат еден на друг.

ford smax2

Концептот „S-MAX“ го карактеризираат елегантни линии, хармонични пропорции и вдлабната шофершајбна која продолжува на стаклениот панорамски покрив. Стаклената површина на вратите на багажникот исто така е со голема површина и допринесува за подобра прегледност позади, а линијата на покривот завршува со заден спојлер.

Кабината е опремена со 5 поединечни удобни седишта од кои тоа што е во средината на задната клупа може да се преклопи и со тоа се добива површина меѓу страничните седишта.

ford smax3

Целиот ентериер дава впечаток на луксуз и комфор за што допринесува и квалитетниот избор на материјалите од кожа.

Централната конзола е обликувана така да визуелно може да ги поврзе сите содржини кои се наоѓаат на неа, од големиот мултимедијален екран на врвот до електронските команди на автоматскиот менувач и рачката за сопирачката на дното.

ford smax4

Форд напоменува дека во концептот ќе биде достапна и новата верзија на системот „Ford Sync“ кој поред стандардните функции ќе контролира и некои здраствени параметри на патниците, како што е чукањето на срцето со помош на сензорите во седиштето.

За погонот на „S-MAX“ Форд го одбра новиот 1.5 литарски „EcoBoost“ мотор со 181ks (133 kW) и 240 Nm максимален вртежен момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП